Контакт

Свет

Брисел го отфрли буџетот на Италија, отвора пат за санкции

Објавено пред

Европската Унија во средата го направи првиот чекор за казнување на Италија кога пресуди дека трошењето на земјата ги крши фискалните правила на блокот. Брисел го отфрли буџетот на Рим за 2019 година, пренесува РТ.

„Комисијата го потврди постоењето особено сериозен случај на непочитување. Со она што го претстави италијанската влада, гледаме ризик земјата да влета во нестабилност“, рече ЕУ во својот годишен преглед на плановите за трошење на земјите од еврозоната зборувајќи за буџетот на Италија во 2019 година.

Брисел во неколку наврати изрази загриженост во врска со плановите за позајмување и трошење на Рим предупредувајќи ја италијанската влада дека би можела да предизвика уште една должничка криза која ќе им наштети на сите.

Според прописите на ЕУ, јавниот долг на земјата членка не може да биде поголем од 60 отсто од нејзиниот БДП или – ако е поголем – мора да паѓа кон 60 отсто со задоволително темпо.

Рим тврди дека зголемувањето на растот е најдобриот начин за намалување на долгот на Италија, кој е повеќе од 130 отсто од БДП.

Вицепремиерот на Италија, Матео Салвини, рече дека нема да прави компромис со основните елементи на буџетскиот план, како што се пензиските реформи, приходот на граѓаните и пониските даноци. Тој изјави дека, сепак, е подготвен да направи мали промени во области како што се инвестициите.

Италија сега може да се соочи со казни од Европската Унија ако не го приспособи својот буџет. Според Салвини, казните против Италија би биле непочитување.

„Убедени сме за сумите во нашиот буџет. Ќе разговараме за тоа по една година“, додаде тој.

Свет

Вили на наркобосови на аукција во Мексико

Објавено пред

Луксузни имоти запленети од водачи на наркокартели се продадени на аукција во Мексико Сити.

Куќите опремени со базени, подземни тунели за бегство, ранчови како и стан во кој бил убиен наркобос, беа ставени на продажба, пренесе Би-би-си.

Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, вети дека профитот од аукцијата ќе биде наменет за оние кои најмногу се погодени од насилството на картелите.

Но, само девет од 27 имоти понудени на продажбата, се всушност продадени.

Според мексиканските медиуми, преку аукцијата биле собрани 56,6 милиони пезоси (3 милиони долари), а очекуваната сума пред наддавањето била 167 милиони пезоси.

Обрадор изјави дека парите ќе им помогнат на сиромашните и маргинализираните заедници во сојузната држава Гереро каде владее насилството.

На крајот на мај, слична аукција акумулираше 1,5 милиони долари од продажба на домови и автомобили на криминалци, вклучувајќи и барем еден поранешен политичар. Меѓу понудените предмети беше и едно луксузно „ламборџини“.

Властите најавија дека повеќе аукции ќе се одржат и во наредните месеци.

Обрадор, кој беше избран минатата година, исто така вети дека ќе го продаде својот претседателски авион за да ги финансира напорите за намалување на илегалната миграција.

Прикажи повеќе...

Регион

ФБИ држи 10 Црногорци на брод со 16 тони кокаин

Објавено пред

Агенти на американскoто Федерално истражно биро (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски граѓани што се наоѓаат на брод во Филаделфија, на кој се запленети 16 тони кокаин, по што покрај четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добиле и останатите морнари од Црна Гора.

Црногорскиот портал cdm.me известува дека на некои од нив, според информациите од весникот „Дан“, им било дозволено да контактираат со семејствата. ФБИ во овој момент не ги товари за шверц на 16-те тони кокаин, но тие се испрашувани во рамки на истрагата и од нив се земени ДНК примероци, а нивниот статус ќе биде познат по вештачењето на дрогата.

Весникот „Дан“ имал увид во документ на ФБИ каде се тврди дека од членовите на екипажот најголем дел се црногорски државјани. Покрај капетанот на бродот Дарко Рогановиќ, испитувани се и четири лица од Котор и едно од Никшиќ.

Според информациите на весникот, тие се уште не се осомничени, но уапсени се четворица други морнари, тројца од Котор и еден од Будва, на возраст од 25 до 39 години. Сите тие се членови на екипажот на бродот MSC Gajan, во сопственост на швајцарска компанија, каде беа пронајдени десетици пакети со кокаин.

Прикажи повеќе...

Регион

За спиење на улица во Хвар казната изнесува 400 евра, а за пиење – 700 евра

Објавено пред

Одлуката на градот Хвар да се обиде со брутално казнување да се запре проблематичното однесување на дел од гостите беше главна тема во последните години.

Фактот дека дел од гостите пијат, спијат и несоодветно се однесуваат на улиците градските власти одлучија да го реши со воведување високи казни.

Така е и оваа година, пишува „Далмација денес“.

За спиење на јавен површина ќе бидете казнети од комуналните службеници со 400 евра.

„Спиењето на јавна површина ќе ве чини повеќе од цената што ја плаќате во вашето сместување”, пишува на таблите.

„Главниот градски плоштад не е место за пикник”, вели друго известување на кое се пречкртани луѓето што пијат. Казната е 400 евра.

„Алкохол? Не на јавни површини”, вели третиот плакат. Казната за пиење алкохол во јавност е 700 евра.
Текстот продолжува под рекламата

„Градот е културен центар, а не плажа”, се вели во соопштението во кое се нагласува фактот дека е забрането да се оди во градот во костими за капење. Од нивните гости велат дека очекуваат да бидат соодветно облечени. Инаку, ќе платат казна од 500 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ24 минути

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесетиседумгодишен маж од село Скудриње вчера почина откако бил поклопен од неговиот камион „ТАМ“. Несреќата се случила кога камионот се...

Регион1 час

Напнато во Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски „провокативен“ настап во источниот Медитеран, пишува грчкиот...

Регион2 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од час и половина падна повеќе дожд од просекот за месец –...

Регион2 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет3 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија14 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ15 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион17 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија21 час

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија22 часа

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија22 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија22 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет24 часа

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион1 ден

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет1 ден

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ1 ден

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет2 дена

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Досие