Свет
Британскиот муслимански совет: Насловите со „Алаху акбар“ погрешно имплицираат напади мотивирани од исламот
Центарот за мониторинг на медиумите на Муслиманскиот совет на Велика Британија (ЦфММ) тврди дека британските медиуми ставиле непропорционален фокус на исламски терористички напади и дека насловите што го содржат џихадистичкиот воен повик „Алаху акбар“ се заблудувачки бидејќи лажно го поврзуваат тероризмот со исламската вера, пренесува „Тајмс“.
Во извештајот со наслов „Како британските медиуми известуваат за тероризам“ се тврди дека помеѓу 2015 и 2019 година веројатноста зборовите или фразите што ги идентификуваат терористите како муслимани да се користат во медиумските извештаи е деветпати поголема од фразите што идентификуваат терористички нападите од екстремната десница или од белите супермацисти.
Во извештајот се тврди дека меѓу октомври и декември 2018 година една четвртина од интернет-извештаите на британските медиуми за исламот или муслиманите биле за тероризам или за екстремизам.
Ризвана Хамид, директорот на ЦфММ и еден од авторите на извештајот, вели дека остануваат недоследности со непропорционален фокус на муслиманите. Таа тврди дека насловите во кои се користат религиозни термини, како „Алаху акбар“, подразбираат дека религијата е секогаш мотиватор игнорирајќи ги другите фактори, како што се криминалната историја и проблемите со менталното здравје, кои може да се во игра и кои често се спомнуваат кога сторителот не е муслиман.
„Иако сега се чини дека се признава важноста на конзистентноста и обемот на екстремнодесничарската закана кај медиумите, претежно во весниците, сè уште има долг пат пред нас“, рече таа.
Арапската фраза честопати е погрешно преведена во западните медиуми како „Бог е голем“, сепак поточен превод би бил „Алах е поголем“ или „Алах е поголем од твојот Бог или влада“.
Во извештајот се дадени неколку препораки за медиумите за тоа како да известуваат за тероризмот, вклучително и создавањето доследна и транспарентна дефиниција за тоа што претставува тероризам, избегнување користење на терминот „Алаху акбар“ како кратенка за терористички напад во наслови и да не им се даваат платформи на екстремно десничарските или белите супремацистички гласови.
Една од причините за непропорционалниот фокус на исламскиот тероризам и екстремизмот може да е резултат на обемот на тероризам извршен од муслимански екстремисти во Велика Британија.
Во мај 2019 година, генералниот директор на МИ5, Ендрју Паркер, напиша дека од повеќекратните терористички закани со кои се соочува Велика Британија исламистичкиот тероризам останува најакутен. Паркер истакна дека во 2018 година 80 отсто од случаите со кои се занимавал биле спроведени од луѓе инспирирани од идеологијата на Исламската држава, но кои никогаш не биле во контакт со неа во Сирија или Ирак.
Службата за безбедност на Велика Британија исто така во мај минатата година призна дека бројот на екстремни десничари осомничени за тероризам е апсолутно замаглен од бројот на терористички случаи поврзани со исламот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

