Контакт

Свет

Британското разузнавање открило фабрика за бомби на Хезболах во Лондон

Објавено пред

Британските разузнавачки агенции заплениле тони експлозивни материјали поврзани со либанската милитантна група Хезболах на голем број имоти на периферијата на Лондон, пренесува „Дејли телеграф“.

Весникот вели дека британската домашна разузнавачка служба МИ5 соработувала со полициските сили за да изврши четири рации на имоти во северниот дел на Лондон, при што заплениле три тони амониум нитрат, честа состојка што се користи во домашните бомби.

Во извештајот се забележува дека количеството откриен амониум нитрат е поголемо од она што го користел Тимоти Меквј во бомбашкиот напад во Оклахома Сити во 1995 година, во кој загинаа 168 лица.

За време на рацијата еден човек во четириесеттите години бил уапсен под обвинение за тероризам, но подоцна бил ослободен бидејќи заговорот бил прекинат од тајната операција на разузнавачки операции. Идентитетот на човекот се чува во тајност како и целата операција, која се случила во 2015 година, но обелоденета е дури сега.

Извештајот на „Дејли телеграф“, сепак, шпекулира дека британската влада останала нема во врска со инцидентот за да помогне во одржување на нуклеарниот договор во 2015 година, кој беше потпишан со главниот поддржувач на Хезболах, Иран.

„Тоа покренува прашања за тоа дали високи претставници на британската влада избрале да не го откриваат заговорот делумно затоа што тие биле позаитересирани за зачувување на нуклеарниот договор со Иран”, се прашува весникот.

Според извештајот, тогашниот премиер Дејвид Камерон и тогашниот министер за внатрешни работи, Тереза Меј, биле лично информирани за она што било откриено во имотите на периферијата на Лондон бидејќи тоа укажувало на голема терористичка закана за Велика Британија. Бен Валас, министерот за безбедност на Обединетото Кралство, се обиде да објасни зошто инцидентот намерно се чувал во тајност од јавноста.

„Службата за безбедност и полицијата неуморно работат за да ја одржат безбедноста на јавноста од бројни безбедносни закани. Често е потребно нивните напори и успеси да останат непознати за јавноста”, рече тој.

Иако голем број британски медиуми тврдат дека британската разузнавачка служба добила дојава од странска земја, „Џерусалем пост” е многу поексплицитен, велејќи дека израелски официјални лица потврдиле оти Мосад стои зад дојавата.

„Дејли телеграф“ забележува како лондонскиот заговор може да едел од поширока агенда на Хезболах за воспоставување глобална структура за напад, на што укажуваат и осуетените операции на Хезболах на Тајланд, Њујорк и Кипар. Сите три плана биле откриени во јавноста, а се верува дека таргетирале разни израелски интереси.

Оваа вест станува централна по одлуката на британската влада за ставање на црната листа на политичката крило на Хезболах, кое се наоѓа во либанскиот парламент, како нелегална терористичка организација во февруари 2019 година, откако со години се разликуваше од военото крило на групата.

Во однос на таа одлука, британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, рече дека Велика Британија сега верува дека не постои никаква разлика меѓу политичкото и военото крило на Хезболах.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Меланија им читаше божикна приказна на деца во болница

Објавено пред

Меланија Трамп ја продолжува традицијата на првите дами кои им читаат приказни на деца што поради болест не може да ги напуштат болниците за време на празниците.

Белата куќа соопшти дека првата дама на САД денеска посетила болница и хируршко одделение во Националната детска болница во Вашингтон, објави АП.

Таа на пациентите им помогнала да направат снегулки, а потоа им читала и божикна приказна.

Прикажи повеќе...

Свет

САД подготвуваат нови санкции за Ирачаните

Објавено пред

САД подготвуваат нови санкции поради убиствата на антивладините демонстранти во Ирак, изјави висок претставник на американскиот Стејт департмент.

„Не сме готови. Процесот е во тек“, им рече на новинарите Дејвид Шенкер, помошник-државен секретар во Стејт депармтентот, пренесе „Ројтерс“.

САД, претходно денеска, на црната листа ставија тројца ирачки паравоени лидери, кои го поддржуваат Иран, поради нивната наводна улога во убиствата.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Словачка најмалку петмина загинати во експлозија во зграда

Објавено пред

Најмалку пет лица загинаа во денешната експлозија на гас во 12-катна зграда во словачкиот град Прешов.

Речиси 85 пожарникари се борат со пожарот до кој дојде по експлозијата, а евакуирани се сите лица од објектот поради стравување дека зградата може да се урне. Во спасувачките операции учествува и војската со шест хеликоптери, јави „Ројтерс“.

Градоначалничката на Прешов, Андреа Турцанова, изјави дека има голем број повредени во најголемата трагедија во градот во последните 50 години.

Голем е бројот и на оние што останаа без покрив над главата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија13 часа

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија14 часа

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија15 часа

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија15 часа

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија16 часа

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија16 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија17 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија19 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија20 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија21 час

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет22 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет22 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет23 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет23 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија23 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет23 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија23 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа1 ден

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет2 дена

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија2 дена

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Досие