Контакт

Свет

Бројката на заразени од коронавирус во светот надмина половина милион

Објавено пред

Повеќе од половина милион случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во светот до денеска.

Според Worldometers.com, до објавувањето на овој текст заразени со новиот вирус се 500.542 луѓе во целиот свет.

Досега починале 22.334 лица, а закрепнале 121.214 лица.

Повеќето од случаите и натаму се во Кина, каде што според податоците има вкупно 81.285 заразени.

Следуваат САД, каде што бројката на заразени ја надмина онаа во Италија и изнесува 74.982 пациенти, а овој број се очекува да се зголеми во текот на денот кога ќе бидат објавени податоци за секоја земја одделно.

Во Италија се пријавени 74.386 случаи, но и од оваа земја се очекуваат нови податоци.

Следуваат Шпанија со 56.197 случаи и Германија со 41.519 случаи.

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Фон дер Лајен им се извини на Италијанците поради задоцнетата помош од ЕУ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази жалење поради задоцнетата реакција на Европската унија за пандемијата на коронавирус, во напис кој денеска беше објавен во италијанските медиуми.

„Извинете, ние сме со вас“, е насловот на писмото испратено од шефицата на ЕК до Италијанците.

„Денес Европа се мобилизира за да биде со Италија. Но, тоа не беше така од почетокот“, признава таа во статијата во „Ла Република“.

Италијанците уште на почетокот беа лути затоа што и Франција и Германија одбија да им испратат заштитна медицинска опрема.

Чувството за напуштање се засили кога Германија и Холандија го отфрлија повикот за заеднички европски инструмент за долгови, т.н. коронаобврзници.

„Мора да се признае дека на почетокот на кризата, кога требаше да се даде заеднички европски одговор, многумина мислеа само на нивните национални проблеми“, пишува Фон дер Лајен.

„Во меѓувреме, Европа ја смени својата динамика“, истакнува таа, но не спомнува коронаобврзници ниту пак било каков друг потенцијален финансиски одговор.

Сепак, напиша дека блокот ќе формира фонд од 100 милијарди евра за финансирање на платите за работниците со скратено работно време.

Исто така истакна додаде дека 25 земји од ЕУ сега испраќаат милиони маски во Италија и Шпанија.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Свет

Северна Кореја тврди дека сè уште нема ниту еден случај на коронавирус

Објавено пред

Северна Кореја нема ниту еден случај на заболен со новиот коронавирус, изјави висок функционер од Министерството за здравство, а некои земји се сомневаат дека во земјата нема заболени.

Северна Кореја на крајот на јануари целосно ги затвори границите и воведе строги мерки.

Директорот на епидемиолошката служба во Државниот институт за борба со епидемијата, Пак Мионг Су, рекол дека таквиот успех е постигнат благодарение на вложените напори.

„Досега никој не е заразен со коронавирус во нашата земја“, рекол Пак за „Франс прес“.

„Презедовме превентивни и научни мерки, како што се инспекции, сместување во карантин на сите што влегуваат во земјата, темелна дезинфекција на стоката, затворање на границите и укинување на поморскиот и воздушниот сообраќај“, навел Мионг Су.

Само неколку земји во светот, повеќето изолирани острови и со војна опустошени земји, не известија за ниту еден случај за болеста Ковид-19.

Светската здравствена организација објави денес дека овие денови ќе биде надминат бројот од милион потврдени случаи во светот. Досега починаа повеќе од 47.000 луѓе.

Прикажи повеќе...

Свет

ФБИ со полни раце работа бидејќи Ковид-19 нагло ја зголеми побарувачката на оружје

Објавено пред

ФБИ минатиот месец спровелo досега невиден број проверки, најголем од воведувањето на системот во 1998 година, на досиеја на граѓани што купиле огнено оружје, пренесува „Њузвик“.

Бирото обработило речиси 3,7 милиони барања од официјални продавачи на огнено оружје, што претставува зголемување од 33 отсто од февруари и 13 отсто во однос на претходниот рекорд поставен во декември 2015 година.

Според инсајдери од индустријата, порастот во продажбата веројатно е предизвикан од стравувањата од социјални немири во услови на тековната здравствена криза со новиот коронавирус во САД.

На пример, приходот на веб-страницата за продажба на оружје Ammo.com се зголемил 729 отсто за 39 дена, заклучно со 31 март, во однос на продажбата забележана во истиот период до крајот на февруари.

Сопственикот на калифорниската фирма за продажба на оружје„ Бурбенк емо енд ганс“, Дејвид Шварц, вели дека вработените во продавницата дури и престанале да одговараат на барањата преку интернет поради зголемената побарувачка бидејќи веќе работат по 12 часа, седум дена во неделата, само за да ги услужат клиентите во физичките продавници.

Калифорнија претставува жариште на зголемената побарувачка за оружје, при што ФБИ минатиот месец спровело 72 отсто повеќе проверки отколку во февруари. Претходно, истиот извор посочи дека многу од сегашните купувачи првпат купуваат оружје.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 минути

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, а кои...

Економија7 минути

(Видео) По 14.500 денари месечно по вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно по вработен за април и мај, за сите фирми погодени од кризата или...

Економија31 минута

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија1 час

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ3 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет3 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет4 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија4 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија5 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија5 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион5 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет6 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија6 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет7 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава7 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет8 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија19 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија20 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија23 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија23 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Досие