Контакт

Вести

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Објавено пред

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени на 500. Властите утринава соопштија дека го укинуваат полицискиот час што беше воведен вчера на целиот остров.

Портпаролот на полицијата, Руван Гунасекера, не сакал да прецизира колку жртви во која црква или хотел има. Претседателот Маитрипал Сирисен, кој бил во странство за време на вчерашниот напад, свикал седница на советот за национална безбедност.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но полицијата извести дека се уапсени 13 лица кои припаѓаат на иста радикална група.

Шефот на националната полиција, Пујутх Јајасундара, пред десетина дена објави предупредување кога добиле информации од странски разузнавачки агенции дека движењето НТЈ (National Thowheeth Jama’ath) планира да изведе бомбашки напади во големи цркви и на Амбасадата на Индија.

Меѓу загинатите најмалку 35 се странци, државјани на Кина, Холандија, Португалија, САД и на Велика Британија. Индија ја потврди смртта на тројца свои државјани.

Лани властите во Шри Ланка прогласија 12-дневна вонредна состојба за да се пресметаат со муслиманската побуна во земјата.

„Во последните години имаше насилство и постојано заплашување на христијанската заедница на Шри Ланка“, изјавил Руки Фернандо, активист за човекови права, за „Франс прес“. Но, додал тој, досега не е видено ништо во толку големи размери и сила.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Објавени снимки од внатрешноста на рускиот авион кој се запали на аеродромот во Москва

Објавено пред

Руските медиуми објавија снимки од внатрешноста на авионот кој вчера се запали на писта на аеродромот „Шереметјево“ во Москва. Во пожарот загинаа 41 од 78 патници и членови на екипажот.

Снимките од внатрешноста на авионот сведочат дека огнот ја проголтал опашката на авионот.

Авионот на „Аерофлот“, кој полетал од Москва кон рускиот град Мурманск, бил принуден да се врати на „Шереметјево“ кога пријавил дека има проблеми по помалку од половина час по полетувањето.

Поради несреќата, во Русија е прогласена тридневна жалост. Повеќето од загинатите патници се задушиле од чадот.

Прикажи повеќе...

Вести

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Објавено пред

Палестински официјални лица соопштија дека утринава е постигнат договор за прекин на огнот со Израел со цел да се стави крај на најновата ескалација на насилството во Појасот Газа и на јужната израелска територија.

„Прекинот на огнот почнува во 4.30 часот“, рекол неименуван палестински извор, кој е запознаен со договорот, пренесуваат израелските медиуми. Информацијата ја потврди телевизиската станица на Хамас – исламска екстремистичка организација, која владее со Газа.

Израелската војска не ги коментира овие наводи, туку само соопшти дека се укинуваат мерките воведени за заштита на населението на Израел од утринава во 7 часот.

Во изминатите два дена, во оружениот судир, каков што не се памети меѓу двете страни од 2014 година, од Газа кон Израел беа лансирани 690 ракети, а израелската војска нападна 350 цели во последните 48 часа. Израелскиот противракетен систем „Железна купола“ пресретна 240 ракети.

Во Појасот Газа се убиени 23 луѓе, меѓу кои две бремени жени, две бебиња и девет екстремисти. На израелската страна загинаа четворица Израелци.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Авион се запали при слетување на аеродромот „Шереметјево“ во Москва

Објавено пред

Авион на руската компанија „Аерофлот“ се запали при слетување на аеродромот „Шереметјево“ во Москва. Сите 78 патници се евакуирани.

Според првичните информации најмалку петмина патници се повредени.

Авионот полетал кон Мурманск, но се вратил на московскиот аеродром откако му се запалил моторот додека бил во воздух.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ6 часа

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски7 часа

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија8 часа

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион10 часа

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет12 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт12 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа12 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава1 ден

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија1 ден

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија1 ден

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија1 ден

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија1 ден

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија1 ден

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет1 ден

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа1 ден

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет1 ден

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Досие