Свет
Бунтовниците убиле 35 луѓе на истокот на Конго
Бунтовниците во Конго неделава убиле најмалку 35 лица на истокот на земјата, соопштија властите.
Тела на 29 лица се пронајдени по масовното убиство во националниот парк „Вирунга“, изјави гувернерот на провинцијата Северен Киву. Засега не е објавено кога се случил тој напад.
Во друг напад, во вторникот, најмалку шест цивили биле убиени во друга област на територијата на Бени во истата провинција.
Владата на провинцијата Северен Киву за нападите ја обвини групата Обединети демократски сили, поврзана со екстремистите на Исламската држава.
На истокот на Конго, особено во градот Бени и поширокиот појас, ситуацијата се влошува кога конгоанската армија почна голема операција против вооружената група пред една година.
Бунтовниците од Обединетите демократски сили убија најмалку 86 цивили минатиот месец како одмазда за воените операции, соопшти локална невладина организација. Според ОН, екстремистите од таа група од минатата година убиле над 1.000 цивили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

