Свет
Буш Постариот заздравува по инфекција на крвта
Поранешниот американски претседател Џорџ Херберт Вокер Буш (93) добро реагира на лековите по потенцијално многу опасната инфекција на крвта, соопшти портпаролот на семејството.
Буш Постариот вчера беше примен во Методистичката болница во Хјустон и ставен на интензивна нега. Во соопштението на семејството се наведува дека Буш реагира на лековите и закрепнува.
Еден ден пред да биде примен во болница Буш присуствуваше на погребот на неговата сопруга Барбара, која почина минатата недела на 93-годишна возраст, објави „Глас на Америка“. Џорџ и Барбара Буш биле во брак 73 години.
Џорџ Буш Постариот беше претседател на САД во еден мандат, од 1989 до 1993 година. Тој за движење користи инвалидска количка и електричен скутер откако кај него се разви форма на Паркинсонова болест. Изминативе години беше хоспитализиран на неколку наврати поради респираторни проблеми, вклучувајќи и пневмонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија и Катар повикуваат на прекин на војната
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, телефонски разговараше за американските и израелските напади врз Иран со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, соопшти руското МНР.
Лавров и шеикот Мохамед повикаа на прекин на какви било воени дејствија што би можеле да го дестабилизираат регионот, се вели во соопштението.
„Постои општ консензус за потребата од итно враќање на политичкиот и дипломатскиот процес со цел решавање на сите прашања меѓу Соединетите Држави, Израел и Исламската Република Иран врз основа на принципите на Повелбата на ОН и Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.

