Свет
Вакцината на „Модерна“ штити до три месеци
Вакцината против Ковид-19 на компанијата „Модерна“ произведува антитела кои траат 90 дена по вакцинацијата, што е добра вест додека нејзиното одобрување сè уште се тестира во некои земји, покажа студијата спроведена на 34 учесници во првичните клинички испитувања, објавена во медицинското списание „New England Journal of Medicine”.
Времетраењето на заштитата е секако подолго од три месеци, но ова се првите податоци во повеќемесечен период кои се потврдени независно од научно списание.
Учесниците ќе бидат следени 13 месеци со цел да се испита заштитата на подолг период, посочуваат авторите.
Д-р Ентони Фаучи за АФП неодамна изјави дека е сигурен дека заштитата ќе трае, но дека не се знае дали ќе биде една, две, три или пет години. Времето ќе каже.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

