Свет
Велика Британија воведе нови санкции за Русија

Британската влада најави нови пакет-санкции против Русија како одговор на „жасните напади врз цивили, пренесува „Скај њуз“.
Обединетото Кралство најави дека ќе го прекине целиот увоз на руски јаглен и нафта до крајот на оваа година.
Покрај тоа, Британија ќе ги замрзне сите средства на Сбербанк, најголемата руска банка, и ќе стави крај на сите британски инвестиции во Русија.
Новите санкции беа објавени неколку минути откако САД објавија нови пакет-санкции, кои ги опфаќаат Сбербанк, Алфа банка, инвестициите во Русија и руските функционери и членови на нивните семејства, вклучително и ќерките на Владимир Путин и сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј, Лавров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шведската државна телевизија сними интервју со лидер на терористичка организација

Шведската државна телевизија СВТ сними интервју со еден од водачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, Салих Муслим.
Интервјуто е снимено во американската воена база каде тој се крие на северот на Сирија.
Во вестите на шведската државна телевизија Муслим изјави и дека таа северноевропска земја никогаш нема да ја прифати ЈПГ како терористичка организација и дека нема позитивно да одговори на барањата за членство во НАТО.
Од емитуваното интервју се гледа дека Салих Муслим не сакал да одговори на новинарско прашање дали ЈПГ е поврзана со ПКК.
Фотографиите и плакатите на Абдула Оџалан, водачот на терористичката организација ПКК, која виси на многу места, го привлекоа вниманието и на снимките направени од шведската државна телевизија во северниот сириски регион.
Свет
Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина.
Рускиот патријарх Кирил ја поддржа акцијата во Москва и неговата позиција се прошири низ Православната црква.
Светскиот совет на црквите побара од патријархот Кирил да „интервенира и посредува“ за запирање на војната, објави „Ројтерс“.
Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, Ватроломеј рече дека очекува Кирил да се спротивстави на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и да поднесе оставка, доколку е потребно.
„ Не е невозможно сите цркви да не го осудуваат насилството, војната. Руската црква нè разочара. Не сакав Руската црква и братот патријарх Кирил да бидат овој трагичен исклучок. Не знам како може да се оправда пред својата совест“, рече Вартоломеј.
Тој додаде дека очекува Кирил да застане во клучниот, историски момент и ако треба да ја жртвува својата позиција, па да му каже на Путин „Господине претседателе, не се согласувам со вас, поднесувам оставка“.
Свет
Кулеба: Русија се обидува да го уцени светот

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба ја обвини Русија дека се обидува да го уценува светот.
Тој истакна дека Русија е подготвена да ги деблокира пристаништата на Црното Море, доколку ѝ бидат укинати санкциите.
Кулеба на Твитер изјави дека секој што размислува да ја прифати „оваа игра“ прво треба да ги посети „гробовите на убиените украински деца и да разговара со нивните родители“, пренесува британски „Гардијан“.
Претходно денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите кои превезуваат храна од Украина, во замена за укинување на санкциите, пренесе „Интерфакс“.
Украинските пристаништа на Црното Море се блокирани откако Русија започна воена операција во Украина на 24 февруари, а повеќе од 20 милиони тони жито се заглавени во силоси во Украина.