Свет
Велика Британија од следната недела ќе ги ублажи мерките
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, потврди дека пабовите, продавниците, фризерските салони и спортските сали ќе се отворат следниот понеделник. Кафулињата, пабовите и рестораните ќе може да ги служат гостите само на отворено или на терасите.
Тој додаде дека програмата за вакцинација против Ковид-19 се одвива според планот и дека стапката на инфекција е доволно ниска за дополнително олеснување на рестриктивните мерки од 12 април, пишува „Гардијан“.
Џонсон рече дека се надева оти меѓународите патувања што не се нужни ќе бидат дозволени од 17 мај.
„Се надевам дека ќе почнат на 17 мај, но не сакам да го провоцирам ѓаволот и да ги потценувам проблемите што постојат во некои земји во кои луѓето можеби ќе сакаат да одат“, рече Џонсон на прес-конференција додавајќи дека не сака повторно да се увезуваат случаи на коронавирус во Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

