Свет
(Видео) Автобус покоси пешаци во Индија, шест лица загинаа, десетици повредени

Најмалку шест лица загинаа, а 49 се повредени кога автобус удри во пешаци и возила во областа Курла во индискиот град Мумбаи.
Инцидентот се случил синоќа околу 21 часот и 45 минути по локално време кога возачот на автобусот изгубил контрола, прегазил неколку возила и пешаци и удрил во ѕид од станбена зграда, пишува сајтот „Индија тудеј“.
Mumbai mayhem: Three die as bus slams into cars.
At least 20 people suffered injuries after a public bus rammed into vehicles in Kurla West on Monday night. pic.twitter.com/3AIsrHuJBl
— AppleSeed (@AppleSeedTX) December 10, 2024
Во несреќата е повреден возачот на автобусот.
Повредените биле итно пренесени во локалната болница. Се стравува дека бројот на жртвите ќе расте, бидејќи дел од повредените се во критична состојба.
Властите го истражуваат инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Земјите од Блискиот Исток ми понудија да го средат Хамас, реков – не уште

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неколку блискоисточни земји и држави од поширокиот регион му понудиле да испратат војска во Појасот Газа за, како што рече, да го средат Хамас, доколку организацијата го прекрши договорот постигнат со американската администрација.
„Многу од нашите сојузници на Блискиот Исток со ентузијазам ми порачаа дека би влегле во Газа со силни трупи и би го средиле Хамас ако продолжи да делува лошо. Јас им реков: ‘Не уште!’“, напиша Трамп на платформата „Тру соушал“.
Тој додаде дека сè уште постои надеж Хамас да го исполни договорот, но предупреди дека ако не, крајот на Хамас ќе биде брз, жесток и брутален.
Во објавата Трамп посебно ја спомена Индонезија и нејзиниот одличен лидер за поддршката кон Блискиот Исток и САД.
Изјавата доаѓа во време на кревко примирје во Газа, постигнато со посредство на Египет и Катар, додека Вашингтон преговара со регионалните партнери за стабилизирање на состојбата и можно политичко решение на конфликтот.
Свет
Макрон: Итно да се отворат хуманитарни рути кон Газа

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави во Љубљана дека примирјето во Газа е многу кревко и повика на итно повторно отворање на граничните премини за влез на хуманитарна помош.
„Ова е апсолутно итна состојба. Треба веднаш да се воспостават хуманитарни мостови и рути за да стигнат храна и медицинска помош до населението“, рече Макрон, додавајќи дека е неопходно Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за меѓународна рамка за управување и безбедност во иднина во Газа.
Девет земји од Европската унија, кои граничат со Средоземното Море, побараа од израелската влада да ги отвори премините, вклучувајќи го и „Рафах“, за непречено доставување на хуманитарна помош.
Свет
Криза во Вилнус: спорот околу воениот буџет ја подели литванската влада

Литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиенe ја објави својата намера да поднесе оставка по сериозното несогласување со премиерката Инга Ругињена околу планираниот воен буџет за 2026 година.
„Секако ќе разговарам со претседателот и ќе му ги презентирам моите аргументи“, изјави Шакалиена за националната телевизиска станица ЛРТ. Министерката призна дека нејзиниот тим не го дели целосно ставот на премиерката и дека „операциите не можат да продолжат во услови на недостаток на доверба“.
Според неа, таа формално нема да поднесе оставка додека не се консултира со шефот на државата, но не гледа причина што би можела да ја промени нејзината одлука да ја напушти функцијата.
Конфликтот на врвот на литванската влада избувна откако Министерството за одбрана објави дека буџетот за одбрана во 2026 година ќе изнесува 4,87 проценти од БДП. Премиерката Ругињена потоа најави зголемување на средствата на 5,38 проценти од БДП, со остри критики за работата на воениот оддел под водство на Шакалиена.
Според аналитичарите во Вилнус, овој конфликт ги одразува подлабоките несогласувања во рамките на владејачката коалиција во врска со приоритетите на финансирање на одбранбениот сектор во услови на зголемување на воените трошоци во балтичкиот регион.
Фото: принтскрин