Свет
(Видео) Автомобили летаа на сите страни – воз се заби во камион кој превезувал автомобили во САД
Во САД утрово по локално време воз удри во камион кој превезувал автомобили. Несреќата се случила во Флорида.
Како што може да се види на видеото на еден од очевидците, камионот натоварен со автомобили бил делумно на шините и практично не се движел во моментот на ударот.
Возот со значителна брзина удрил и одвоил дел од камионот, а наоколу летаа автомобили.
Во несреќата нема повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Аргентинскиот претседател доби италијанско државјанство
Италијанската влада му даде државјанство на аргентинскиот претседател Хавиер Милај врз основа на неговите италијански семејни корени, изјави добро информиран извор, потврдувајќи ги претходните извештаи на медиумите.
Хавиер Милај е во Рим за да се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони и да учествува на божиќната прослава на Браќата на Италија во сабота.
Изворот рече дека владата му дала италијанско државјанство на аргентинскиот лидер, без да даде дополнителни детали.
Оваа вест во италијанските медиуми предизвика гневни реакции кај дел од политичарите, а на социјалните мрежи и од мигранти чии деца се родени во Италија, но не можат да добијат државјанство.
Законите за италијанско државјанство се засноваат на крвни врски, што значи дека дури и далечните потомци на италијански државјанин можат да добијат италијански пасош.
Законите за странците родени во Италија или оние кои мигрирале таму се многу построги. Промигрантските групи предложија референдум за олеснување на овие закони, но десничарската коалиција на Џорџа Мелони е против нивно олеснување.
Свет
Украинка осудена на 14 години затвор за велепредавство поради писмо до рускиот амбасадор во ОН
Украинскиот суд осуди жена обвинета за велепредавство на 14 години затвор затоа што напишала писмо до рускиот амбасадор во Обединетите Нации во кое ја оправдува руската инвазија на Украина, соопшти украинското обвинителство.
„Жителката на Киев, која напиша писмо до рускиот амбасадор во ОН за нејзината поддршка за (руската) „специјална операција“ е осудена на 14 години затвор за велепредавство“, објави обвинителството на Телеграм.
Рускиот амбасадор Василиј Небезија го спомна писмото во говорот на 28 февруари 2022 година, за да ја оправда руската инвазија на Украина која почна четири дена претходно.
Според обвинителството, обвинетата, поттикнатта од руското разузнавање, „напишала дека украинскиот народ ја поддржува таканаречената специјална операција на Руската Федерација во Украина, дека во Украина почнале грабежи, убиства и силувања и дека политичарите официјално повикуваат на „убиства на Руси“.
На почетокот на инвазијата, Русија тврдеше дека сака да ги заштити граѓаните што зборуваат руски во Украина и да ја демилитаризира и денацизира земјата.
Од почетокот на руската инвазија, Киев обвини стотици луѓе за соработка со Русија, првенствено оние кои предавале воени информации до руската армија и службеници од окупираните територии кои отишле да работат за властите инсталирани од Москва.
Свет
Пелоси се повреди на службено патување во Луксембург, хоспитализирана е
Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше повредена и хоспитализирана за време на нејзиното патување во Луксембург, изјави нејзиниот портпарол Иан Крагер.
Во соопштението, Крагер рече дека Пелоси заработила повреда за време на службената должност и била примен во болница за понатамошна евалуација.
Демократката од Калифорнија, според нејзиниот портпарол, добива одлична медицинска нега од лекарите и медицинскиот персонал и продолжува да работи и жали што не може да учествува во преостанатите ангажмани.
Пелоси се повлече од функцијата демократски лидер на Претставничкиот дом во 2023 година, откако републиканците ја вратија контролата врз Домот, но таа продолжува да има големо влијание во партијата. Таа двапати беше претседател на Претставничкиот дом и нашироко се смета за една од најефикасните поединци на таа позиција во модерната историја на Конгресот.