Свет
(Видео) Болница на вода – американски воен брод отплови кон Њујорк
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја испрати воената брод-болница на патување во Њујорк за да потенцира дека федералните власти реагираат на епидемијата на коронавирусот.
Воениот брод „Комфорт“, со капацитет од повеќе од над илјада болнички кревети, беше подложен на редовен ремонт кога се добија наредби за итно оспособување да прими пациенти во Њујорк, епицентарот на епидемијата на САД.
When you need the very best – Ready on Arrival!#USNSMercy arrived in Los Angeles, Calif., on Friday and will begin seeing patients this weekend. Later today her sister ship, #USNSComfort will depart Norfolk, Va., and head to New York City. #COVID19 #USNavyAlwaysThere pic.twitter.com/dQN6XzFfD7
— U.S. Navy (@USNavy) March 28, 2020
„Нема да се гушкам и се ракувам со луѓето, но ќе им испратам јасна порака на благодарност“, рече Трамп говорејќи за воениот тим кој работел на сервисирање на бродот и здравствените работници.
Бродот „Комфорт“ некогаш служеше како нафтен танкер, а потоа се преуреди во пловечки ургентен трауматолошки центар за американски војници повредени за време на борбените операции. Овој брод, стар речиси еден век, има 1.100 медицински работници, 12 операциони сали, одделенија за радиологија и интензивна нега, скенер, лабораторија и аптека, а во минатото бил оперативен и во ситуации слични на сегашноста – за време на Првата светска војна и за време на пандемијата на шпанска треска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

