Свет
(Видео) Болсонаро по нападот за време на својот митинг се наоѓа во критична состојба
Водечкиот претседателски кандидат и лидер на крајната десница во Бразил, Хаир Болсонаро, кој со нож беше прободен во стомакот за време на митингот во предизборната кампања, е опериран, меѓутоа и натаму се наоѓа во критична здравствена состојба, изјави неговиот син Флавио, а истата информација ја соопшти и портпаролката на болницата во која беше извршена операцијата.
Jair Bolsonaro é esfaqueado durante ato de campanha em Juiz de Fora. O candidato já foi levado ao hospital e as informações são de que o corte teria sido superficial. Mais informações em instante. pic.twitter.com/nFRQGSdPsu
— Diario de Pernambuco (@DiarioPE) September 6, 2018
„За жал, ситуацијата е посериозна отколку што се надевавме”, напиша Флавио Болсонаро на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.
Jair Bolsonaro está mais forte do que nunca e pronto para ser eleito Presidente do Brasil no 1° TURNO!
Deus acaba de nos dar mais um sinal de que o bem vencerá o mal!
Obrigado a todos que nos deram força nesse momento muito difícil!
Brasil acima de tudo, Deus acima de todos! pic.twitter.com/iijlCFBhE1— Flavio Bolsonaro 177 Senador_RJ (@FlavioBolsonaro) September 7, 2018
Според првичните информации, лидерот на крајната десница во Бразил и кандидат за претседател, беше соопштено, дека се здобил со површинска рана од нападот. По нападот уапсено е едно лице, а федералната полиција сооопшти дека е отворена и истрага за да се утврдат причините и околностите за нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

