Свет
(Видео) Венецуела ослободи десетици затвореници, вклучително и Американци, во замена за сојузникот на Мадуро
Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ослободи најмалку 20 затвореници поврзани со опозицијата и 10 Американци во замена за ослободување на американските сојузници на Мадуро, соопштија двајца високи американски претставници.
Сојузник на Мадуро е колумбискиот бизнисмен Алекс Сааб, кој беше помилуван од американскиот претседател Џо Бајден и вратен во Венецуела, според едно од официјалните лица.
Американските обвинители го обвинија дека извлекол речиси 350 милиони американски долари од Венецуела преку САД во шема што вклучувала поткуп на венецуелски официјални лица. Тој го негира обвинението.
Како дел од договорот, шестмина Американци, за кои САД тврдеа дека биле неправедно затворени, беа ослободени, соопштија американските власти.
Венецуела го вратила во САД и пребеганиот малезиски бизнисмен Леонард Глен Френсис, наречен Дебелиот Леонард, кој бил вмешан во поткуп во американската морнарица, според официјални лица.
Меѓу ослободените Венецуелци има и шест образовни активисти, според нивниот адвокат, и сопругата на еден од нив. Тие оваа година беа осудени за заговор на 16 години затвор, но тврдеа дека се невини.
Белата куќа неодамна соопшти дека очекува напредок во ослободувањето на затворениците за да продолжи со ублажување на енергетските санкции кон Каракас како одговор на договорот на венецуелската влада да одржи фер избори во 2024 година.
Вашингтон ѝ даде рок на венецуелската влада до 30 ноември да постигне напредок во укинувањето на забраните за опозициските кандидати да извршуваат јавни функции и да почне со ослободување на политичките затвореници и погрешно затворените Американци за да се избегне повторното воведување на санкциите. Катар посредуваше во преговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец
Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.
„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.
По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.
Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“
Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.
Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува „Киев Индипендент“.
Europe must finally equip itself with real strength, real ability to defend its skies, its land, and its sea against any type of attack. In particular, this means building sufficient air defense production capacity — both against drones and against ballistic missiles.
The… pic.twitter.com/R3EBHTyz7N
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 1, 2026
Коментарите на украинскиот претседател уследија ден откако САД и Израел извршија напади врз Иран, во кои беа убиени врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и неколку други високи функционери. Иран возврати со лансирање ракети и дронови врз Израел и врз американски воени цели во Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Бахреин, Кувајт и Катар.
Зеленски веднаш по почетокот на нападите ги поддржа нападите и соборувањето на иранското раководство, потсетувајќи дека Русија, стратешки партнер на Иран, од 2022 година во нападите врз Украина употребила повеќе од 57.000 дронови од типот „Шахед“. Искуството што Украина го стекнала во одбраната од оружје од иранско производство, според него, сега може да им послужи на сојузниците.
„Ситуацијата на Блискиот Исток покажува колку е тешко да се обезбеди стопроцентна заштита од ракети и шахеди… Сите сега гледаат дека нашето искуство во одбраната е во голема мера незаменливо“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „внимателно го следи“ развојот на настаните и се координира со сојузниците.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп: Разочаран сум од Стармер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“.
Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за нивна употреба во одбранбени напади врз ирански цели.
Трамп оценил дека на Стармер му требало предолго да се предомисли и додал дека ваква ситуација веројатно никогаш досега не се случила меѓу двете земји.
Стармер изјавил дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран и дека нема да им се придружи, но посочил дека поради, како што рекол, „иранската стратегија на спалена земја“, Лондон ја поддржува колективната самоодбрана на своите сојузници и своите граѓани во регионот.
Фото: ЕПА

