Свет
(Видео) Владата на Мадагаскар се распушти поради протести на младите
Претседателот на Мадагаскар, Андри Раџоелина, вчера ја распушти својата влада по неколкудневните протести поради честите прекини на водата и електричната енергија.
Во телевизиско обраќање тој рече дека ги послушал барањата на граѓаните и се извини ако некои членови на владата не ги исполниле очекувањата на народот.
Протестите, кои почнаа во главниот град Антананариво во четвртокот и се проширија во други градови, привлекоа претежно млади демонстранти, кои бараа подобро снабдување со вода и електрична енергија. Безбедносните сили одговорија со солзавец, тепања и масовни апсења, а немирите подоцна ескалираа во палежи и грабежи.
Шефот на ОН за човекови права, Волкер Турк, изјави дека најмалку 22 лица се убиени, а повеќе од 100 се повредени во протестите. Тој ги повика властите да ги почитуваат слободата на изразување и правото на мирно собирање.
🇲🇬 FLASH | Le président malgache Andry Rajoelina annonce le RENVOI de tout son gouvernement après les violentes manifestations qui secouent Madagascar. 22 personnes ont été TUÉES par les forces de l’ordre lors de la RÉPRESSION, selon l’ONU.
👉 Depuis jeudi, des milliers de… pic.twitter.com/6c5QDso1Wv
— Cerfia (@CerfiaFR) September 29, 2025
„Меѓу жртвите се демонстранти и минувачи убиени од безбедносните сили, како и други убиени во последователното широкораспространето насилство и грабежи од страна на поединци и банди што не се поврзани со демонстрантите“, се вели во соопштението на ОН.
Турк додаде дека меѓународното право ѝ дозволува на полицијата да користи огнено оружје само кога е строго неопходно за да се заштити животот или да се спречат сериозни повреди од непосредна закана.
Министерството за надворешни работи на Мадагаскар ги оспори бројките на ОН велејќи дека нема официјална статистика што ја потврдува бројката.
Мадагаскар, островска нација со речиси 32 милиона луѓе покрај источниот брег на Африка, се соочува со високо ниво на сиромаштија. Откога Раџоелина ја презеде функцијата во 2019 година, сиромаштијата се зголеми, образовните стандарди се намалија, а пристапот до електрична енергија и чиста вода се влоши.
И покрај бојкотите на опозицијата и претходните репресии, Раџоелина беше реизбран во 2023 година.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466
Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на американската новинска агенција на активисти за човекови права.
Во своето најново ажурирање, независната организација соопшти дека досега починале 466 лица – огромно зголемување во однос на претходната бројка од 203.
Групите за човекови права соопштуваат дека поради прекинот на комуникациите тешко може да се добие целосна документација, но дека бројот на загинати демонстранти постојано расте. Центарот за човекови права во Иран добил сигурни информации од сведоци дека стотици демонстранти биле убиени во последните денови.
Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.
„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.
Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.
Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.
И покрај репресијата, протестите продолжија и вчера, а се очекувале нови демонстрации вечерва.
Свет
Трамп побарал да се изработи план за инвазија на Гренланд – воени команданти се спротивставиле
Американскиот претседател, Доналд Трамп, им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени претставници се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.
Извори велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го заземат Гренланд, пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.
Според извори, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операци да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.
Свет
Стејт департментот им препорача на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата
Стејт департментот им препорача на американските граѓани во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата поради безбедносни ризици.
Стејт департментот објави и дека меѓународните летови од Венецуела се обновени и дека има извештаи за вооружени милитантни групи кои поставуваат блокади на патиштата и пребаруваат возила за докази за американско државјанство или поддршка за Соединетите Американски Држави.
– Безбедносната ситуација во Венецуела останува флуидна – се наведува во соопштението, објави Си-Би-Ес.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на почетокот на јануари во меѓународна операција предводена од САД и префрлени во притвор во Њујорк.

