Свет
(Видео) Воздушен напад на Лавов: пожар во индустриски магацин, две лица во урнатините
Во руски воздушен напад врз градот Лавов во западна Украина рано утринава едно лице е тешко повредено, а голем пожар избувнал во индустриски магацин, соопштија украинските власти.
„Во Лавов под урнатините се пронајдени жена и маж. Според првичните информации, жената не е повредена. Мажот е во тешка состојба“, изјави гувернерот на регионот Лавов, Максим Козицки, на „Телеграм“.
Сè уште не се познати размерите на овој напад и целосниот обем на штетата, пренесува „Ројтерс“.
The video shows the aftermath of Russia’s attack drone attack on an industrial warehouse in Lviv tonight.
The area of the fire is over 9000 square meters. The fire is still being extinguished by about 125 rescuers and more than 30 pieces of equipment.
📹 via SES of Ukraine pic.twitter.com/QU6gDH8Wq6
— UNITED24media (@United24media) September 19, 2023
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, објави дека предупредувањето за воздушен напад за регионот е укинато по речиси три часа, околу 6 часот по локално време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

