Свет
(Видео) Во два автомобила во Мексико пронајдени 12 тела, картелот оставил и порака
Властите на Мексикo во понеделникот соопштија дека откриле безживотни тела на 12 мажи и жени оставени во два напуштени автомобила во рурална област на државата Сан Луиз Потоси, регион познат по честите активности на наркокартелите.
Од канцеларијата на обвинителот во таа сојузна мексиканска држава соопштија дека на местото, покрај телата на десет мажи и две жени, пронајдена е и писмена порака од наводната криминална организација, но не ја открија содржината на пораката и не изнесоа детали за причините за смртта на луѓето.
Во државата дејствуваат неколку криминални организации, вклучувајќи ги моќниот Зетас, како и картелот Халиско од новата генерација, а мексиканската влада спроведува големи воени и полициски операции повеќе од една деценија, неуспешно обидувајќи се да го спречи растечкото насилство од овие организации.
Според официјалните податоци, во државата Сан Луиз Потоси се убиени 411 лица од јануари до август годинава, што е зголемување за 43 проценти во однос на истиот период минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

