Контакт

Свет

(Видео) Во Чеченија претставена најголемата џамија во Европа

Објавено пред

Властите на Чеченија ја претставија новата џамија на  церемонија на која присуствуваа бројни високи гости. Наречена по пророкот Мухамед, џамијата може да прими 30.000 луѓе, а чеченските власти ја опишаа како „најголема и најубава“ во Европа.

Џамијата е обложена со бел грчки мермер однадвор и одвнатре, а украсена е со чисто злато. Големиот лустер во форма на лотос е украсен со сваровски кристали.

Локалните власти исто така соопштија дека во дворот на џамијата може да собере дополнителни 70.000 верници.

 

Градбата на џамијата траела седум години , а свечено ја отвори претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров рече дека џамијата, која се наоѓа во градот Шали, е „со уникатен дизајн, фасцинантна по големина и убавина“.

Кадиров на отворањето ги замоли граѓаните во негова чест, кога ќе почине, да изградат мала џамија.

Европа

Папата издвои 750 илјади долари помош за сиромашните земји

Објавено пред

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, издвои 750.000 американски долари помош за болници, училишта, старски домови и други установи што ги води Католичката црква во сиромашните земји, кои ќе се користат за борба против коронавирусот.

Папата ги повика црквите во светот да придонесат за фондот со кој управува, а кој е негов официјален контакт со 1.110 претежно сиромашни епархии во Азија, Африка, Океанија и регионот на Амазонија.

На крајот на март Ватикан донира 30 вентилатори во италијанските болници во најзагорозените области погодени од пандемијата. Млеко, јогурт и други производи беа доставени од Ватикан за две сестри во Рим, кои беа ставени во карантин бидејќи беа позитивни на вирусот. Папата Франциско испрати и специјални бројници за медицинскиот персонал во римската болница „Гемели“, која се грижи за пациенти со Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Свет

Пожар во нуклеарна електрана во Унгарија

Објавено пред

Пожар избувнал во нуклеарна термоелектрана во Унгарија, а го изгаснале вработените. Според информациите, пожарот избувнал во четвртиот блок од нуклеарната термоелектрана „Пакс“.

Како што соопшти унгарската Агенција за атомска енергија, пожарот, кој избувнал во централната нуклеарка, не влијаел на работата на нејзината работа, пренесе МТИ.

Исто така, како што се додава, не е оштетен ниту безбедносниот нуклеарен систем.

Прикажи повеќе...

Европа

Изолација на семејство со 11 деца, вклучувајќи и мало бебе

Објавено пред

Џоан О’Рурк (37) од Барнет во северен Лондон неодамна го роди своето 11-то дете, а неколку дена пред да се породи се појави на ТВ-kанал 5 во емисијата „Јас и моите 10 деца: мега семејство“.

Џоан, Томи и од неодамна 11 деца живеат во четирисобен стан, а последните неколку недели, како и повеќето луѓе, биле во домашна изолација поради ширењето на коронавирусот. Џоан поради бременоста се затворила со своите деца во изолација, една недела пред владата на Велика Британија да воведе општ карантин во земјата.

Таа вели дека не и било лесно да се изолира во напредна бременост, а лекарите решиле да ја породат шест дена од крајниот термин и на вториот ден родила здраво бебе со тежина од 4,1 кг, чие име семејството одлучило да го чува во тајност до Велигден.

Персоналот на болницата му дозволил на нејзиниот сопруг Томи да присуствува на породувањето, но никој друг не можел да ја посети во болницата. Покрај тоа, новороденчето имало и помали проблеми со цревата, поради што било однесено во болницата Сент Ормонд, а Џоан морала да оди со такси поради правилата за социјална дистанца.

За среќа, момчето било пуштено дома по една вечер, така што оваа мајка веќе десет дена е дома со своите 11 деца. Додека 13 луѓе живеат во мал простор, мајката спие само неколку часа на ден, но сепак вели дека деновите во изолација со нејзините деца брзо и поминуваат, иако понекогаш е исцрпена.

Без оглед на роденото бебе и мешаницата во нивниот стан, таа се обидува што поквалитетно да го помине времето во изолација со своите деца и внимава да имаат секојдневни задачи и рутина.

По ручекот следува слободно време за децата – тие треба да ги наместат креветите, а потоа сезнимаваат со своите активности како фудбал или цртање – раскажа оваа мајка за „Сан“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет3 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија3 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ4 часа

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија5 часа

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија5 часа

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија5 часа

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Регион6 часа

Брнабиќ: Србија за 10 дена почнува со лечење на заболените со крвна плазма

Во Србија за десетина дена ќе почне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа...

Македонија7 часа

Препораки за трудниците за време на пандемијата со коронавирус

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во текот на бременоста? Што доколку здрава трудница има позитивен тест? Дали ако...

Македонија7 часа

Мицкоски ѝ заблагодари на Унгарија за помошта: „Пријателите се познаваат во тешките моменти“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упати благодарност до унгарската влада за помошта од 100.000 маски и 5.000...

Македонија8 часа

Унгарскиот шеф на дипломатијата во Македонија донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Со специјален воен каргоавион, унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сијарто, допатува во земјава директно до Унгарија со пакети помош...

Регион8 часа

Хрватска се подготвува да воведе пократка работна недела

Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ, не ја исклучува можноста земјата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на...

Македонија8 часа

Казни за 30 лица кои за време на полицискиот час се шетале низ Скопје

Скопското обвинителство  достави до Основниот кривичен суд Скопје 28 предлози за издавање казни со кои се опфатени вкупно 30 лица,...

Свет9 часа

Тигар од зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирус

Надија, четиригодишна женка тигар од зоолошката градина во Њујорк, е позитивна на коронавирусот. Ова е првиот потврден случај на заразено...

Свет9 часа

„Не ги следев советите што им ги давав на другите“ – главната советничка за здравство во Шкотска поднесе оставка

Главниот советник за здравство на шкотската влада, Кетрин Калдервуд, поднесе оставка откако беше откриено дека ги прекршила советите за ограничувања...

Македонија10 часа

Филипче: Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите

Министерот за здравство, Венко Филипче, сподели фотографии на социјалните мрежа и порача дека треба да се одговара точно  на прашањата...

Свет19 часа

Премиерот на Британија повторно во болница, откако беше заразен од коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва бил пренесен во болница за да му бидат извршени дополнителни испитувања,  откако пред 10 дена...

Свет20 часа

(Видео) Британската кралица: Ја разбирам вашата болка и тага, заедно ќе ја надминеме кризата

Самодисциплина и решителност е пораката која британската кралица Елизабета Втора вечерва им ја испрати на Британците во овие тешки моменти...

Свет20 часа

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар за време на пандемијата

Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој инаку е доктор по професија, повторно се пријави за лекарска пракса и ќе работи една...

Македонија1 ден

Кумановец починал во Градската болница „8 Септември“, Филипче најави зајакнување на мерките

Освен 63-годишното лице од Лабуништа, кое починало на Инфективната клиника како последица на коронавирусот, во последниве 24 часа уште едно...

Досие