Свет
(Видео) Голема експлозија во Гана – има мртви, уништени стотици згради
Експлозија во руралниот западен регион на Гана денеска срамни со земја стотици згради и загинаа непознат број жители кога камион што превезувал експлозиви во рудник за злато се судрил со мотоцикл.
Видеата, чија автентичност не е потврдена, го покажуваат местото на експлозијата, каде што зградите се сведени на купишта дрво, тули и искривен метал.
Едно видео покажува две тела на земја покриени со прашина. Фотографијата споделена од член на локалниот совет покажува длабок кратер во епицентарот на експлозијата.
Сеџи Саџи Амедону, заменик-генерален директор на Националната организација за управување со катастрофи, рече дека се уништени 500 згради. Регионален службеник за итни случаи изјави за локалните медиуми дека видел 10 мртви тела.
На жителите им е препорачано да ја напуштат областа заради нивна безбедност и да заминат во околните градови, се вели во соопштението на полицијата. Од блиските градови е побарано да отворат јавни простори, вклучително училници и цркви за сместување на преживеаните, соопшти полицијата.
Експлозијата се случила кога мотоцикл удрил под камион кој превезувал експлозиви во сопственост на компанијата „Максам“ во рудникот за злато „Чирано“, управуван од „Кинрос“ од Торонто.
Портпаролот на „Кинрос“ го потврди инцидентот велејќи дека се случил на 140 километри од рудникот. Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо, на „Твитер“ објави дека е информиран за инцидентот и потврди дека има мртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

