Свет
(Видео) Голем пожар во универзитетската клиника во Истанбул

Голем пожар избувна во зградата на универзитетската болница во Истанбул. Вработените биле навремено евакуирани и нема повредени.
Пожарот го зафатил крилото на зградата каде е сместен Медицинскиот факултет, кое во моментов не се користи.
Çapa da #yangin Allah’ım yardım et? pic.twitter.com/M58S5Bov1I
— Yasemin (@NaymanYasemin) November 1, 2020
Граѓаните биле вознемирени од големиот облак од црн чад што лебдел над Истанбул.
Според прелиминарните извештаи, пожарот избувнал кога се запалил изолациониот материјал при работите на покривот на седумкатницата.
Според турските медиуми, чадот се гледал на далечина од околу пет километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во Ватикан за првпат по нивната расправија во Белата куќа.
Многу светски лидери се собраа во Ватикан за востоличувањето на папата, а на церемонијата се случи симболичен момент: украинскиот претседател Володимир Зеленски се ракуваше со државниот секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс. Тој се сретна со вториот за првпат по расправијата во Белата куќа.
Некое време подоцна, Зеленски и Венс се сретнаа на состанок. Зеленски објави слики на Фејсбук и напиша дека тоа била „добра средба“.
„Добра средба со потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио во Рим“.
За време на разговорот, разговаравме за преговорите во Истанбул, на кои Русите испратија делегација од низок ранг без овластување за донесување одлуки. Повторив дека Украина е подготвена за вистинска дипломатија и ја нагласив важноста од целосно и безусловно прекин на огнот што е можно поскоро.
„Исто така, се осврнавме на потребата од санкции против Русија, билатералната трговија, одбранбената соработка, ситуацијата на бојното поле и претстојната размена на затвореници. Потребен е притисок врз Русија сè додека не покаже подготвеност да ја запре војната. И секако, разговаравме за заеднички чекори за постигнување праведен и траен мир. Му се заблагодарувам на американскиот народ за нивната поддршка и лидерство во спасувањето животи“, напиша Зеленски.
Кавгата во Белата куќа
Да потсетиме, вербалниот конфликт меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс избувна за време на состанокот во Овалната соба, каде што Зеленски побара безбедносни гаранции поврзани со договорот за минерали.
Венс го обвини Зеленски за недостаток на почит и инсистираше дека не е доволно благодарен за американската воена помош, додека Трамп дополнително ја ескалираше ситуацијата тврдејќи дека Зеленски „се коцка со Третата светска војна“.
Зеленски одговори прашувајќи дали Венс некогаш бил во Украина и предупреди дека и Америка ќе ги почувствува последиците од војната, додека Венс возврати дека Зеленски агитира пред американските медиуми. По жестока дебата, Трамп ги прекина преговорите и му рече на Зеленски да ја напушти Белата куќа, а планираната прес-конференција беше откажана.
Свет
Орбан: Украина води клеветничка кампања против Унгарија, НАТО да интервенира

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Украина за водење на дезинформативна и клеветничка кампања против неговата земја, организирана од украинските специјални служби, и побара од новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, веднаш да реагира.
„Му кажав на генералниот секретар на НАТО дека сметам за неприфатливо една земја која не е членка на Алијансата, а тоа е Украина, да спроведува организирана клеветничка кампања против Унгарија, земја-членка на НАТО“, изјави Орбан за унгарската телевизија ТВ2, по средбата со Руте на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Тирана.
Според Орбан, наместо да работи на подобрување на односите со земјите-членки на Европската Унија, Украина „се оцрнува себеси“ и со тоа ја загрозува сопствената европска перспектива.
„Киев сака да стане членка на ЕУ, но не се обидува да воспостави добри односи со сегашните членки. Со вакви постапки си го урива кредибилитетот“, рече Орбан и додаде дека мора да се направи сѐ што е потребно за да се прекине, како што ја нарече, „клеветничката кампања“ на Украина.
Изјавата на Орбан доаѓа откако украинската служба за безбедност (СБУ) минатата недела објави дека открила шпионска мрежа која наводно била организирана од унгарските воени разузнавачки служби. Според СБУ, двајца осомничени агенти биле приведени, а тие собирале информации за украинската одбрана.
Одговорот на Будимпешта беше остар. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги отфрли украинските наводи, нарекувајќи ги „пропаганда“.
„Би ги замолил сите да бидат внимателни во врска со ваквите извештаи. Тоа е дел од украинската пропагандна машинерија“, изјави Сијарто на прес-конференција.
Свет
Путин: Ќе ставиме крај на војната под наши услови

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека крајната цел на специјалната воена операција во Украина е воспоставување на долгорочен и одржлив мир, кој ќе ја гарантира безбедноста на Русија и ќе ги заштити интересите на руско-јазичното население во Украина.
Во интервју за руската државна телевизија, Путин нагласи дека Москва има доволно сила за да ја заврши војната според своите услови.
„Овој резултат ги елиминира причините што ја предизвикаа оваа криза, создава услови за долгорочен одржлив мир и обезбедува безбедност на руската држава“, рече Путин, пренесуваат руските медиуми.
Тој додаде дека Русија мора да ги брани луѓето кои зборуваат руски јазик и кои ја сметаат Русија за своја татковина.
„Нивните интереси мора да бидат заштитени“, потенцираше рускиот претседател.