Свет
(Видео) Двајца полицајци убиени во САД за време на рутинска контрола на сообраќајот

Двајца полицајци се убиени во пукање што се случило по рутинска контгрола на сообраќајот во Вирџинија Бич, потврди полицијата за американските медиуми.
Истрагата е во тек, велат тие.
Gabby Harmon at the scene at Lynnhaven Parkway and Wendfield Drive with an update on the fatal shooting of two Virginia Beach police officers Friday night. https://t.co/YTezdLxZKG pic.twitter.com/GHD0qpYYZO
— WTKR News 3 (@WTKR3) February 22, 2025
„Со голема тага ја потврдуваме смртта на двајцата наши полицајци кои доцна синоќа, петок, 21 февруари 2025 година беа убиени за време на службената должност“, објавија претставници на полицискиот оддел на социјалните мрежи.
Полициски претставници нагласија дека не можат да споделат многу информации бидејќи истрагата се уште е во тек.
#Breaking: A police convoy is seen on I-264 Saturday morning following reports that two Virginia Beach police officers were killed in a shooting late Friday night. https://t.co/YTezdLxZKG pic.twitter.com/mJ3R8TvnH8
— WTKR News 3 (@WTKR3) February 22, 2025
„Сепак, сакаме да ги увериме граѓаните дека нема активна закана“, соопшти полицијата. „Го бараме вашето трпение и разбирање додека сакаме да го расветлиме овој трагичен настан, да ги известиме семејствата и да жалиме за загубата на двајца наши колеги“, додаваат тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се огласи Ердоган: Турција е подготвена

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да им биде домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин „кога ќе бидат подготвени да се сретнат“.
На средбата со Зеленски во Анкара, Ердоган ја оцени актуелната ситуација како историска можност за почеток на преговорите меѓу Русија и Украина и ја изрази силната поддршка на Турција за дијалогот, како на техничко, така и на највисоко лидерско ниво, пишува весникот „Дејли Сабах“.
Тој ја повтори подготвеноста на Турција да биде домаќин на евентуален самит меѓу Путин и Зеленски и нагласи дека Анкара придава големо значење на одржувањето на отворените канали за комуникација меѓу Москва и Киев.
Руската делегација на преговорите во Истанбул ја предводи помошникот на рускиот претседател Владимир Медински.
Претходно, европските лидери го повикаа Кремљ на целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот, а Путин предложи директни разговори во Истанбул.
Свет
Британскиот министер за одбрана: Време е да се изврши притисок врз Путин

Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека сојузниците на Украина „мора да дејствуваат“ и „да го зголемат притисокот врз Путин“, во услови на неизвесност за мировните преговори во Турција, пренесе АФП.
Зборувајќи по состанокот со германскиот министер за одбрана Борис Писториус во Берлин, Хили повика на нови санкции против Русија и нагласи: „Треба да извршиме притисок врз Путин да го принудиме на преговарачка маса. Сега е време да започнеме преговори и да ја запреме војната“.
Тој додаде дека рускиот претседател „има моќ да ја запре војната – може да отпатува во Истанбул, да преговара и да нареди прекин на огнот“.
Свет
Шефот на руската делегација: Путин ни постави цели за преговорите

Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше во Анкара, шефот на руската делегација во Истанбул, Владимир Медински одржа своја прес-конференција.
Медински изјави дека Русија ги смета овие преговори за продолжување на мировниот процес кој започна во 2022 година. Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин лично ги одредил задачите на делегацијата и ја дефинирал преговарачката позиција, по состанокот со воените команданти задолжени за таканаречената „специјална операција“, термин што Кремљ сè уште го користи за војната и целосната инвазија на Украина.
Медински тврди дека руската страна е решена да најде решенија и допирни точки во Истанбул.
Од друга страна, Зеленски постојано повторуваше дека Русија не е сериозна за постигнување мир, токму затоа што преговорите не ги води самиот Путин, кој според него ги носи сите клучни одлуки во земјата.