Свет
(Видео) Евреин во САД испука 17 куршуми кон двајца Израелци мислејќи дека се Палестинци
Евреин во Мајами Бич е обвинет за обид за убиство откако застрелал двајца мажи за кои верувал дека биле Палестинци, но за кои се покажало дека биле туристи од Израел.
На снимката од надзорните камери се гледа дека во саботата, во 21 часот и 30 минути по локално време, Мордехај Брафма (27) излегол од својот камион и со полуавтоматски пиштол пукал во возило кое минувало на патот. Брафман наводно испукал 17 истрели. Едната жртва ја застрелал во левото рамо, а куршумот поминал покрај левата подлактица на другата.
Брафман спонтано им кажал на полицајците во притвор дека додека возел камион „видел двајца Палестинци и ги застрелал и ги убил двајцата“, се вели во официјалните полициски документи.
Полицијата не ја објави националноста на жртвите, но Мајами Хералд пишува дека станува збор за двајца Израелци кои биле на одмор во САД. Жртвите се Ари Рабеј и неговиот татко.
Медиумите објавија дека од понеделник попладне, Брафман е задржан во притвор под обвинение за две обвиненија за обид за убиство.
Ironically, the victims were Israeli tourists. And right after being shot, they took to social media chanting 'Death to Arabs.' You can't make this up.
This is the result of anti-Palestinian hate & indoctrination that sadly runs deep in Israel and pro-Israel communities in U.S. pic.twitter.com/y13D6aM96Y
— Kashif Chaudhry (@KashifMD) February 17, 2025
Еден од повредените, наводно, објавил „смрт за Арапите“ на социјалните мрежи по пукањето.
Тој тврдеше дека мотивот за нападите врз него и неговиот татко бил антисемитизам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

