Свет
(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, има загинати и повредени
Едно лице загина, а 17 се повредени во експлозија во ресторан во јапонскиот град Коријама во префектурата Фукушима.
Според наводите, се верува дека причина за експлозијата во станбената област е истекување гас, соопштија противпожарните служби.
Ресторанот се реновирал и требало да се отвори утре, пренесува „Кјодо“.
Breaking: 1 dead, 18 injured, after a suspected gas leak explosion at a restaurant in Koriyama, Japan. pic.twitter.com/WlZ8qSiU8R
— Porter Medium (@PorterMedium) July 30, 2020
Снимките објавени на телевизија покажуваат дека по експлозијата, останала само конструкцијата на зградата во која се наоѓал ресторанот.
Експлозијата ја оштетила и блиската банка, во која се повредени двајца вработени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.
Свет
Полициски автомобил удри во лимузината на новозеландскиот премиер
Полициски автомобил удри во задниот дел на лимузината во која се наоѓаа премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксан и министерот за финансии Никола Вилис, но никој не е повреден, соопштија официјални лица.
Несреќата се случила вчера попладне на главниот пат кој води до аеродромот во Велингтон и седиштето на парламентот, пишува ABC News.
Полицијата започна истрага за несреќата.
Одделението за управување со службени возила соопшти дека е оштетен задниот дел од лимузината.
Луксан за новинарите изјави дека несреќата малку го изненадила, но дека е добро.