Свет
(Видео) Експлозија на гас во зграда во Русија – спасени се 14 станари, 1 починал, а има и тешко повредени
Едно лице починало, четворица се тешко повредени, а 14 се спасени по експлозијата на гас во станбена зграда во градот Јарослав, североисточно од Москва.
„Од 14-те спасени, петмина се спуштени со кран, осуммина беа спасени од противпожарна бригада и еден беше извлечен од урнатините“, соопшти регионалната служба за итни случаи, пренесе „ТАСС“.
По експлозијата на гас и пожарот, дел од зградата се урнал, а според информациите, жена и дете се останти под урнатините.
Во тек е истрага на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа: Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател следниот четврток
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг следниот четврток, соопшти Белата куќа.
Трамп ќе присуствува на билатерален состанок со Кси наутро и ќе се врати во Вашингтон навечер, изјави неговата портпаролка Каролин Ливит.
Трамп и Кси планираа да се сретнат на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја, кој започнува на 31 октомври, но датумот не е јавно објавен.
Американскиот претседател им изјави на новинарите дека верува оти разговорите ќе доведат до договор во трговскиот спор меѓу двете суперсили. Сепак, тој нагласи дека доколку не се постигне договор, САД ќе воведат дополнителни тарифи од 100 проценти за кинескиот увоз од 1 ноември, објави ДПА.
Пекинг сè уште не ја потврдил средбата меѓу Кси и Трамп.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Се појави нова снимка од бегството на крадците од Лувр
Се појави неверојатна снимка од двајцата крадци кои лежерно бегаат од Лувр откако украле француски крунски скапоцености во вредност од 88 милиони евра. Видеото, кое стана вирално, ги прикажува крадците како полека се спуштаат од местото на злосторството во товарен лифт, најновиот пресврт во една од најспектакуларните кражби во Франција во последните децении, објавува „Гардијан“.
Што открива видеото?
Клипот од 36 секунди, кој е потврден од весникот „Ле Паризиен“, прикажува двајца мажи облечени во црно како полека се спуштаат по надворешен товарен лифт од галеријата „Аполо“. Едниот од нив носи жолт рефлектирачки елек, а другиот мотоциклистичка кацига. Се чини дека видеото е снимено од блискиот прозорец во музејот, со поглед на кејот Франсоа Митеран, каде што крадците претходно паркирале украден камион со 30-метарска скала што ја користеле за да влезат во галеријата на првиот кат.
🚨 The moment the thieves fled the Louvre was caught on camera!
The robbers left the museum using a lift and then escaped on scooters. 🛵💨 pic.twitter.com/D3xVW8maHe
— NEXTA (@nexta_tv) October 23, 2025
На снимката може да се слушне глас, веројатно од обезбедување, како вели преку радио: „Има поединци на скутери. Си одат, си одат“. Само неколку секунди подоцна, се гледа како мажите бегаат со два скутери, додека друг глас вика: „Проклетство, еве ги – полицијата“.
Грабежот се случи во недела во 9:30 часот наутро, веднаш по отворањето на музејот. Двајца од четворицата членови на бандата влегле во галеријата кршејќи прозорец кој изгледал необезбеден. Тие користеле секач за дискови за да отворат две витрини и украле осум непроценливи парчиња накит. Меѓу украдените предмети биле смарагдна и дијамантска огрлица што Наполеон I ја дал на неговата втора сопруга, Мари Луиз, и тиара што некогаш ѝ припаѓала на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III.
Француските медиуми објавија дека целата операција траела помалку од седум минути и дека крадците биле во самата галерија само 3 минути и 58 секунди. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека повеќе од 100 истражители работат на случајот.
Директорот на Лувр, Лоранс де Кар, призна „страшен пропуст“ пред сенаторите во среда. Таа потврди дека покриеноста на надворешните ѕидови на огромната зграда со безбедносните камери е „значително недоволна“, што очигледно им ја олеснило работата на крадците.
Европа
Мерц: Ќе разговарам со Американците, се надевам дека „Роснефт“ ќе биде ослободен од санкциите
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека германското делување во Роснефт ќе биде исклучено од американските санкции наметнати врз руската нафтена компанија.
Германското работење во компанијата Роснефт е контролирано од германските власти, но е во руска сопственост. Тоа е клучен снабдувач кој насочува и рафинира нафта до бензински пумпи и некои аеродроми во најголемата економија во Европа, забележува Ројтерс.
„Ќе разговараме за ова со Американците. Претпоставувам дека на Роснефт ќе му биде дадено ослободување“, рече Мерц.
Пресвртот на Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп во среда воведе санкции врз Русија за прв пат во својот втор мандат, насочени кон нафтените компании Лукоил и Роснефт, бидејќи незадоволството на Трамп од рускиот претседател Владимир Путин расте поради војната во Украина.
Министерството за финансии на САД, кое ги издаде санкциите, изјави дека е подготвено да преземе понатамошни чекори и ја повика Москва веднаш да се согласи на прекин на огнот во војната во Украина, која започна во февруари 2022 година.
„Со оглед на одбивањето на претседателот Путин да ја заврши оваа бесмислена војна, министерството воведува санкции врз двете најголеми руски нафтени компании кои ја финансираат воената машинерија на Кремљ“, изјави министерот за финансии Скот Бесент во соопштението.
Одлуката на Трамп во среда дојде откако Велика Британија минатата недела воведе санкции и врз Роснефт и Лукоил.
фото: принтскрин

