Контакт

Свет

(Видео) Застој на евакуацијата од Кабул, луѓе во очај ја блокираат пистата

Објавено пред

Евакуацијата од аеродромот во Кабул е во застој, бидејќи луѓето кои се обидуваат да го напуштат Авганистан се во очај и ја блокираат пистата на аеродромот, објави денеска претставник на германското Министерство за надворешни работи.

„Во моментов нема воздушен сообраќај, бидејќи голем број очајни луѓе се на пистата“, изјави германскиот претставник на прес-конференција во Берлин, а пренесува „Ројтерс“.

Четириесет вработени во германската амбасада во Кабул беа евакуирани синоќа во Доха, соопшти тој, додавајќи дека десетина германски претставници ќе останат на аеродромот во Кабул за да ја координираат евакуацијата.

На аеродромот во Кабул многу Авганистанци се обиделе да се качат во американските авиони.

Бројни снимки покажуваат и луѓе кои се обидуваат да избегаат со тоа што се качуваат на надворешната страна од авионот. Се верува дека некои од нив паднале и загинале.

Според претходините извештаи, на аеродромот настанал општ хаос, американските војници биле принудени да пукаат со предупредувачки истрели, а имало и стампедо.

Медиумите објавија дека има и мртви, но не е јасно како загинале.

Свет

(Видео) Ракетен напад во Кабул

Објавено пред

Ракетен напад беше извршен врз авганистанската престолнина, објавија светските медиуми.

Според новинската агенција „Амај“, неколку ракети го погодиле подрачјето на Каир Кана во Кабул, пренесува „Спутник“.

Наводно, инцидентот се случил во близина на електрана во Кабул.

Жителите велат дека проектилите можеби ја погодиле електраната Чамталах.

Засега нема извештаи за жртви.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин од изолација ги повика граѓаните да гласаат: „Покажете љубов кон татковината“

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин  неколку часа пред почетокот на парламентарните избори ги повика граѓаните да ја покажат својата љубов кон татковината,.

Како што пренесуваат странските агенции, на главните противници на Кремљ не им е дозволено да учествуваат на овие избори.

„Сметам на вашето граѓанско чувство за одговорност, претпазливост и љубов кон татковината и дека се грижите за изборот на претставници кои ќе работат за доброто и за нашата сакана Русија“, рече Путин во видеопораката.

Рускиот претседател е во изолација, бидејќи во неговата околина беа идентификувани десетина лица заразени со коронавирус.

Парламентарните, регионалните и локалните избори ќе траат три дена со цел да се намали ризикот од зараза со коронавирус. Резултатите се очекуваат в недела по 20 часот по средноевропско време.

Прикажи повеќе...

Европа

Само со „Ковид сејф тикет“ ќе се влегува во ресторани, дискотеки и спортски и културни центри во Брисел

Објавено пред

Од октомври во Брисел, Белгија, за влез на јавни места и собири ќе биде потребен доказ за вакцинација, прележан ковид или негативен ПЦР-тест.

Сертификатот што ќе го носи името „Ковид сејф тикет“ ќе се бара во дискотеки, ресторани, затворениот простор во кафулињата, спортските центри, културните објекти и настани со над 50 лица, како и на сите други настани со 50 лица во затворена просторија или 200 лица на отворено. Ќе се бара и во установи за ранливи лица како пензионерски домови и хотели.

Брисел е единствениот град во Белгија засега кој го презема овој чекор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 557 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирањa, а регистрирани се 557 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 268, Куманово...

Македонија5 часа

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија9 часа

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет9 часа

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија10 часа

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет11 час

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија11 час

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион23 часа

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија1 ден

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ1 ден

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа1 ден

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ1 ден

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија1 ден

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа1 ден

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет1 ден

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Европа1 ден

Борел: Русија сака да нѐ подели, не им е грижа за Европската Унија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, тврди дека Русија сака да ја подели Европската Унија преговарајќи само со одредени членки,...

Свет1 ден

Северна Кореја лансира две балистички ракети

Северна Кореја лансирала две балистички ракети во морето, тврди Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека...

Регион1 ден

Два земјотреса утрово во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Два земјотреса, од кои едниот над 4 степени според Рихтеровата скала, ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија...

Македонија2 дена

Во Солун конференција за Западен Балкан и европската иднина

Во Солун, Грција, денеска ќе се одржи конференција на тема „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“. По покана...

Македонија2 дена

Средношколците во Тетово и Гостивар продолжуваат со онлајн настава

Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември...

Досие