Свет
(Видео) Зеленски: Немам интерес да се сретнам со Путин, тој е никој за мене
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за „Скај њуз“ изјави дека не е заинтересиран да се сретне со Владимир Путин за мировни преговори велејќи дека тој, всушност, е ирелевантен и дека не е сигурен кој точно ги носи одлуките во Русија.
„Не сум заинтересиран за средба со Путин. Ни средба ни преговори. Навистина не знам кој ги носи одлуките во Русија. По сеопфатната инвазија, Путин за мене е никој“, рече Зеленски.
Тој додаде дека нема намера да се бори на руска територија.
„Јас само сакам да ја прекинат инвазијата и да ја напуштат нашата земја што е можно побргу. Можам да ви кажам со сигурност – ако ја напуштат нашата територија, војната ќе заврши. Тоа е сè“, рече украинскиот претседател истакнувајќи дека имало посилни напади и офанзиви во последните денови.
„Сè зависи од тоа колку од нив можеме да задржиме. На исток тие напредуваат и губат многу луѓе. Но, не им е грижа за тоа. Тие не се интересираат за своите луѓе. Тоа е факт. Ние се обидуваме да ги преброиме, ама немаме точни податоци. Од нивна страна има многу повеќе жртви. Колку што видовме, има илјадници мртви на нивна страна, а тие само ги фрлаат на фронтот“, рече Зеленски.
За време на интервјуто, кое е снимено за неговиот 45-ти роденден, украинскиот претседател дознал дека Германија одлучила да испрати 14 тенка „Леопард 2“ во Киев.
Вчера, по одлуката на Германија, и САД објавија дека во Украина ќе испратат 31 тенк „М1 Абрамс“, еден од најмоќните американски тенкови.
Британија беше првата западна земја што вети дека ќе испрати тенкови во Киев, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

