Свет
(Видео) Калифорниски сериски убиец задавен во затвор, издржувал неколку доживотни казни
Серискиот убиец од Калифорнија, Роџер Рис Киб (81), кој задави и силуваше најмалку седум жени, и самиот беше задавен во државниот затвор, соопштија официјалните лица.
Стражарите во неделата забележале дека Киб, познат како „Давител од патот I-5“ од седумдесеттите и осумдесеттите, не реагира на повиците. Покрај него стоел неговиот 40-годишен цимер Џејсон Бурдоу, осуден убиец со тетоважа „666“ на челото.
„Аутопсијата покажа дека е задавен“, рече шерифот од округот Амадор. Истрагата е во тек и засега против никого не е поднесено обвинение за неговото убиство.
Киб првпат бил осуден во 1991 година за давење на Дарсин Фракенпол, 17-годишна девојка, која избегал од својот дом во Сиетл. Нејзиното речиси целосно голо тело било пронајдено во 1987 година западно од градот Саут Лејк Тахо.
Во 2009 година истражител од канцеларијата на обвинителот на округот Сан Хоакин откри нови докази што го поврзуваат Киб со шест дополнителни убиства во неколку окрузи во Северна Калифорнија.
Тој издржуваше неколку доживотни затворски казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

