Свет
(Видео) Кина зеде примероци од темната страна на Месечината: „Невиден подвиг во историјата на човечкото истражување“

Кинеската лунарна сонда Chang’e-6 успешно полета од површината на Месечината и собра примероци за кои научниците очекуваат дека ќе помогнат да се одговори на клучните прашања за раната еволуција на Сончевиот систем, соопшти кинеската вселенска агенција.
Тоа е нова фаза во амбициозната вселенска програма на Кина, која сака да испрати човечки екипаж на Месечината до 2030 година.
Сондата Chang’e-6, именувана по митската кинеска божица на месечината, беше лансирана на 3 мај од јужната кинеска островска провинција Хаинан, а целосно роботската сонда слета на претходно неистражена локација во огромен ударен кратер наречен басен на Јужниот Пол. – Аиткен на далечната страна на Месечината.
Stunning footage of the Chang'e 6 Lunar Lander Operating on the Moon.
Just released footage of the spacecraft collecting soil and rock samples from the Moon's far side.Ascent stage has already left the Moon with the collected samples, scheduled to return to Earth on June 25. pic.twitter.com/YyltuB2Yfy
— Toby Li (@tobyliiiiiiiiii) June 4, 2024
„Кинескиот модул на сондата Chang’e-6 полета од површината на Месечината во вторникот наутро, носејќи примероци собрани на далечната страна на Месечината, што е невиден подвиг во историјата на човечкото истражување на Месечината“, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа, цитирајќи ја вселенската агенција.
„Мисијата го издржа тестот за висока температура на темната страна на Месечината. По успешното собирање примероци, „кинеското знаме за прв пат беше поставено на далечната страна на Месечината“, објави Ксинхуа.
China's Chang'e 6 mission has completed the most important part of its lunar adventure as its sample-loaded ascender lifted off from the moon's far side on Tuesday morning. #space #moon https://t.co/UzisIt5buZ pic.twitter.com/BtYRkwYC76
— China Daily (@ChinaDaily) June 4, 2024
Научниците веруваат дека темната страна на Месечината, ретко истражена област, е наречена така затоа што е невидлива од Земјата, а не затоа што никогаш не ја фаќаат сончевите зраци. Таа страна е многу ветувачка за истражување бидејќи нејзините кратери се помалку покриени со стари текови на лава од оние на видливата страна.
Примероците земени од другата страна би можеле да ни помогнат да дознаеме повеќе за формирањето и историјата на природниот сателит на Земјата. Тие, исто така, ќе овозможат подобро разбирање за „потеклото на Сончевиот систем“ и подобра подготовка за идните истражувања, рече портпаролот на мисијата Chang’e-6, Ге Пинг, цитиран од новинската агенција Ксинхуа.
Сондите би требало да останат во орбитата на Месечината уште неколку недели, а потоа да почнат да се враќаат на Земјата, каде би требало да слетаат околу 25 јуни. Кина се надева дека ќе ја лансира својата прва мисија со екипаж на Месечината до 2030 година. Исто така, планира да изгради лунарна база.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) 11 лица се повредени откако џип се заби во градина на ресторан во Атина

Црн џип се заби во градина на ресторан во населбата Колонаки во Атина со голема брзина доцна синоќа, од сè уште непознати причини, а според властите, во несреќата се повредени 11 лица.
Еден од повредените е задржан на интензивна нега на набљудување, додека две жени се оперирани поради сериозни скршеници, објавија грчките медиуми.
Според медиумските извештаи, возилото било паркирано на надолнина, а според првичните информации, 35-годишниот обезбедувач не ја активирал рачната сопирачка при паркирање.
Кога се обидел повторно да го паркира возилото на слободно паркинг место од другата страна на улицата, го оставил автомобилот без надзор, што му овозможило на џипот да се движи сам и да ја предизвика несреќата.
Возилото се урнало по скалите, се искачило на тротоарот, искорнало дрво, а потоа се забило во градината на ресторанот, повредувајќи неколку гости кои седеле на масите пред ресторанот.
Η στιγμή του τρομακτικού τροχαίου στο Κολωνάκι #tanea #taneagr #kolonaki #κολωνακι pic.twitter.com/96u3efOsvg
— TA NEA (@ta_nea) July 13, 2025
„Слушнав силен тресок. Некој извика кола! Пред да сфатам што се случува, бев на земја, покриен со крв. Имав среќа, дрвото го запре возилото пред целосно да стигне до масата каде што седев“, рече една од повредените гостинки во ресторанот, додавајќи дека имала скршена рака, повреди на главата и ребрата.
Очевидци рекоа дека слушнале силен тресок, кршење стакло и вресоци, а кога се приближиле до местото на несреќата, ги пронашле повредените на тротоарот, возилото се удрило во ѕид и маси расфрлани наоколу.
Веднаш по инцидентот, осомничениот обезбедувач бил уапсен, а против него е покрената постапка за нанесување тешки телесни повреди и кршење на прописите за безбедност во сообраќајот.
Сопственикот на возилото исто така бил приведен, но подоцна бил пуштен на слобода. Седум амбулантни возила биле веднаш испратени на местото на настанот, а сите повредени биле префрлени во болница.
Пет лица биле пуштени дома по добивањето на лекарска помош, додека шест биле задржани на лекување, соопшти грчкото Министерство за здравство, истакнувајќи дека сите пациенти во моментов се надвор од опасност, а нивната состојба е стабилна и под контрола.
Истрагата за точните околности што доведоа до несреќата е во тек.
Свет
Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз Украина биле лансирани најмалку 1.800 беспилотни летала, над 1.200 лизгачки бомби и 83 ракети.
„Русите го зголемуваат теророт врз нашите градови и општини со цел дополнително да го заплашат народот“, изјави Зеленски преку Телеграм, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Според него, воздушните напади стануваат сè поинтензивни, особено ноќе, а Русија секојдневно ја напаѓа Украина од воздух.
Зеленски ја пофали ефикасноста на украинската противвоздушна одбрана, нагласувајќи дека специјално развиени дронови-пресретнувачи успешно собориле стотици ирански борбени дронови „Шахед“, кои Русија ги користи за напади.
Претседателот на Украина информираше и дека неодамна имал интензивни разговори со западните партнери, со цел понатамошен развој на овие одбранбени технологии.
Како што наведува ДПА, Русија во средата го извела најголемиот напад со беспилотни летала досега, при што украинската одбрана успеала да пресретне повеќе од 700 дронови во еден ден.
Инаку, Украина веќе повеќе од три години се брани од целосната руска инвазија, со голема поддршка од западните земји во оружје, технологии и воена обука.
Регион
(Видео) Гореше зграда во Анкара, бебе и двајца возрасни загинаа, 26 лица се повредени

Три лица, меѓу кои и тримесечно бебе, го загубија животот во страшен пожар што избувнал синоќа околу 22:00 часот во станбена зграда со 26 ката во квартот Чанкаја, во главниот град на Турција, Анкара.
Според информациите на турските власти, огнот избувнал на четвртиот кат од зградата, а пламенот брзо се проширил на повисоките катови. Екипите на противпожарната служба работеле скоро четири часа за целосно да го стават под контрола пожарот, објави државниот сервис ТРТ.
На терен биле испратени и екипи на Брза помош, кои згрижиле 26 лица со повреди, од кои 20 биле префрлени во три различни здравствени установи – Анкара Билкент, Етлик болницата и клиниката при Медицинскиот факултет на Универзитетот Гази.
Од повредените, едно лице се наоѓа во критична состојба.
Дополнително, 39 лица, вклучувајќи седум пожарникари, се пожалиле на симптоми на труење со чад и добиле медицинска помош.
Властите започнаа истрага за причините за пожарот, кој ја потресе јавноста во Турција.