Свет
(Видео) Ловец „су-27“ пресретна НАТО-авиони во близина на руската граница
Руското министерството за одбрана на „Јутјуб“ објави видео од пресретнување два авиона на НАТО. До оваа блиска средба дошло пред два дена некаде над Балтичкото Море, недалеку од руската граница.
Како што пишуваат Русите, во неутрална област недалеку од руската граница биле забележани два авиона. Поради тоа, ловец од типот „су-27“ бил испратен на тоа место. Авионот, според податоците од Министерството, се приближил на безбедно растојание и леталата ги идентификувал како авиони на НАТО.
Како што се наведува во соопштението, рускиот авион го спречил влезот на леталата во рускиот воздушен простор, но исто така се нагласува дека целата операција била во согласност со меѓународните прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

