Свет
(Видео) Макрон кришум си го извади скапиот часовник додека зборуваше за работничкиот минималец

Францускиот претседател Емануел Макрон, пред неколку дена ја бранеше својата пензиска реформа на францускиот ТВ канал ТФ1, каде се обиде да ги објасни мотивите за нејзиното воведување. Неговата пензиска реформа предизвика негодување кај Французите, кои со денови протестираат на улиците низ земјата. Протестите во Франција последните денови станаа крајно насилни и жестоки.
Покрај видеата од протестот, на интернет сега кружи и видео на кое Макрон ја брани реформата на телевизија и патем кришум го вади скапиот часовник од раката. Корисниците на социјалните мрежи го обвинуваат Макрон дека го извадил часовникот од 80.000 евра за време на интервјуто за да покаже дека не е богат човек отсечен од реалноста, пишува Гардијан.
Канцеларијата на Макрон раскажува поинаква верзија на приказната.
На социјалните мрежи, многу симпатизери на LFI, левата популистичка партија предводена од најгласниот противник на францускиот претседател Жан-Лук Меланшон, споделија видео на кое се гледа како Макрон носи Бел, а Рос Рос V1-92 Blue Steel часовник на почетокот на интервју.
C’est finalement l’image de cette interview #Macron13h :
Au moment de parler des “smicards” qui n’ont “jamais autant gagné de pouvoir d’achat”, il retire discrètement sa jolie montre de luxe, sous la table.
Cet homme est une farce. #Greve23mars pic.twitter.com/DvhreQ0S3n
— Clémence Guetté (@Clemence_Guette) March 23, 2023
Потпретседателот на LFI, Клеменс Гете, забележа дека Макрон го вади часовникот од под масата, бидејќи рече дека работниците со минимална плата во Франција никогаш немале поголема куповна моќ. „Тоа е вистинската слика на целиот разговор, овој човек е фарса“, напиша Гете на Твитер.
Видеото на кое Макрон го вади часовникот во студио ги преплави Твитер и ТикТок. Корисниците го обвинуваат францускиот претседател дека сака да го скрие своето богатство додека зборува за работниците со минимална плата, пишува француски БФМ.
Кабинетот на Макрон: Го извадил часовникот од технички причини
Елисејската палата го тврди спротивното од некои француски политичари и корисници на социјалните мрежи. Кабинетот на Макрон соопшти дека претседателот го симнал часовникот од технички причини, откако бил предупреден дека предизвикал бучава кога го удрил одмасата. На ЈуТјуб е достапно видео од интервјуто со Макрон, а на него може да се слушне моментот кога часовникот удира на масата.
Но, вревата се слуша кога Макрон зборува за протестите во Франција. После тоа, во продолжение на видеото може да се види дека Макрон всушност го вади часовникот од под масата. Кабинетот на Макрон наведува и дека споменатиот модел на часовник веќе неколку години не вреди 80.000 евра, туку чини 2.400 евра или помалку.
Моделот на часовникот што Макрон го носи на зглобот е персонализиран со грбот на францускиот претседател, што значи дека би можел да достигне многукратно повисока цена на пазарот, доколку претседателот одлучи да го продаде.
„Претседателот веќе го носел часовникот на други јавни настани, како што е финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар и државната посета на Вашингтон минатиот декември“, изјавија од Елисејската палата за француски Индипендент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Детали за крвавиот напад со нож: Франција претходно го одбила барањето за азил на Сириецот

На почетокот на овој месец, француските власти го одбиле барањето за азил на човекот кој денеска рани четири деца и едно возрасно лице во напад со нож во близина на езерото Анеси, во истоимениот град, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дармани.
Тој изјави за TF1 дека сирискиот бегалец носел „одредени христијански симболи“ за време на нападот. Тој додаде дека Сириецот добил азил во Шведска пред 10 години, а тоа го побарал и во Швајцарија и Италија.
Француската полиција претходно соопшти дека две деца и еден возрасен се во критична состојба, додека две деца не се тешко повредени.
Според извори на весникот Фигаро, напаѓачот, роден 1991 година, е барател на азил од Сирија без полициско досие.
Неколку очевидци изјавија дека нападот се случил во паркот, кој се смета за мирно место популарно кај туристите поради прекрасниот поглед на езерото Анеси и планините.
Свет
Трамп бара ново судење за случајот со сексуална злоупотреба на писателката

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска побара ново судење во граѓанската тужба што против него ја покрена писателката Елизабет Џин Керол, во која Трамп беше прогласен за виновен за сексуален напад и клевета и беше наредено да и плати отштета од пет милиони долари.
Адвокатите на Трамп рекоа пред федералниот суд на Менхетен дека делот од отштетата од 2 милиони долари поврзан со сексуална злоупотреба е претеран, бидејќи поротата утврдила дека Керол не била силувана и дека однесувањето на поранешниот претседател не предизвикало никаква ментална повреда, пренесува „Асошиејтед прес“.
Тие додадоа дека наградата за клевета од 2,7 милиони долари е заснована на чиста шпекулација.
Во тужбата поднесена од писателката во 2022 година, се наведува дека Трамп ја силувал во соблекувалната на стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ во Њујорк во средината на 1990-тите.
Трамп, од друга страна, ги отфрли нејзините наводи како лажни.
Свет
„Специјалните сили Ахмат можат да ги освојат Полска, Франција и Германија“ се пофали Кадиров

Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, на Твитер објави клип од чеченскиот весник „Грозни Информ“ во кој чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека е подготвена голема војска која може да ги освои Полска, Франција и да стигне до Германија.
„Специјалните сили Ахмат, составени од три дивизии, се голема сила способна да ги окупира Полска, Франција и да стигне до Германија. А тоа ќе се случи во блиска иднина доколку противниците не ја сменат тактиката“ – изјави шефот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.
Translation of the screenshot:
" 'Akhmat Special Forces' " is a large force that is able to reach Germany"
"Akhmat Special Forces, comprising of three divisions is a large force that is able to capture Poland, France and reach Germany. And this will happen in the nearest future… pic.twitter.com/tyBXRbHxXc
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 8, 2023
Во коментарите некои веднаш го забележаа лежерниот однос на Кадиров кон географијата.
„Може да ги „окупира“ Полска и Франција, но само до Германија ќе „стигне“? По кој пат планираат да одат? – праша еден корисник на Твитер.