Свет
(Видео) Моќен говор на Бајден на клучниот самит на НАТО: „Ова е одлучувачки момент“
Американскиот претседател Џо Бајден им посака добредојде на лидерите на НАТО во Вашингтон со моќен говор кој се чинеше дека е дизајниран да ги увери сојузниците во странство и дома дека може да го издржи изборниот предизвик на Доналд Трамп.
Бајден (81) издржа 12 дена мачни прашања за неговата соодветност за претседателската функција, бидејќи некои од неговите колеги демократи и донатори на кампањата стравуваат дека ќе ги загуби изборите на 5 ноември по бледата дебата на 27 јуни.
Во краткиот, но моќен говор на отворањето на самитот, претседателот рече дека воената алијанса е „помоќна од кога било“, додека се соочува со „клучен момент“ со војната меѓу Русија и Украина.
Предупредувајќи дека „автократите го срушија глобалниот поредок“, Бајден најави дополнителна воена помош за Киев. Би-би-си потсетува дека планот за донација вклучува повеќе батерии на моќните американски системи за противвоздушна одбрана од типот Патриот, како и други системи за зајакнување на украинската ПВО. Донациите ги водат Америка, Германија, Италија, Холандија и Романија.
„(Владимир) Путин не сака ништо помалку, ништо помалку од целосно потчинување на Украина… и да ја избрише Украина од картата“, рече Бајден во добредојде на земјите-членки на НАТО на самитот.
„Војната ќе заврши со тоа што Украина ќе остане слободна и независна земја“, рече Бајден во синоќешниот говор, додавајќи: „Русија нема да победи. Украина ќе победи. Украина може и ќе го запре Путин“.
Бајден зборуваше околу 13 минути со јасен глас, што е забележителна разлика од неговиот нејасен тон за време на минатомесечната претседателска дебата со Трамп.
Американскиот претседател ја направи обновата на традиционалните сојузи во странство централен дел на неговата надворешна политика, откако Трамп ги предизвика сојузниците како дел од пристапот „Америка на прво место“. Победникот на ноемвриските избори може да има значително влијание врз иднината на НАТО, Европа и остатокот од светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

