Свет
(Видео) На аеродромот во Кабул слета првиот меѓународен патнички авион
Авион на пакистанската компанија ПИА денеска слета на аеродромот во Кабул. Ова е првиот меѓународен комерцијален лет што пристигна во Авганистан од 15 август кога талибанците ја презедоа власта во земјата, јави новинската агенција АФП.
Авион на ПИА превезуваше само мал број патници, но тој сепак претставува еден од првите знаци за нормализација на земјата и нејзиниот главен меѓународен аеродром, кој кон крајот на август беше место на бегството на неколку илјади Авганистанци од екстремното исламско движење.
#UPDATES A Pakistan International Airlines plane carrying handful of passengers touches down at Kabul airport, the first international commercial flight to land since the Taliban retook power
.@AFP journalist on flight says only “around 10 people” aboard pic.twitter.com/qF5GAUeisY
— AFP News Agency (@AFP) September 13, 2021
„Во авионот имаше десетина лица, можеби повеќе членови на екипажот отколку патници“, изјави новинар на АФП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

