Свет
(Видео) На денешен ден потона „Титаник“ – снимка прикажува како изгледа денес во длабочините на океанот
„Титаник“, еден од најпознатите бродови во историјата, потона ноќта помеѓу 14 и 15 април 1912 година на своето прво патување кога се судри со леден брег во северен Атлантик.
Оваа трагедија, во која животот го загубија повеќе од 1.500 луѓе, е запаметена како една од најголемите поморски катастрофи.
Во 23.40 часот, на 14 април 1912 година, набљудувачот Фредерик Флит забележал ледена карпа директно пред бродот. Стигнала наредба бродот да почне со вртење, но било предоцна. „Титаник“ удрил во карпата од десната страна оштетувајќи неколку водонепропустливи прегради. Водата почнала да навлегува во бродот.
До полноќ капетанот Смит и дизајнерот на бродот, Томас Ендрус, сфатиле дека „Титаник“ е осуден на пропаст. Во 00.05 часот започнала евакуацијата, но бродот имал чамци за спасување само за 1.178 луѓе – помалку од половина од оние на бродот. Правилото жените и децата на прво место било делумно почитувано, но поради конфузија и недостигот на организација, многу чамци отпловиле полупразни.
„Титаник“ се распаднал на два дела околу 2.20 часот на 15 април и потонал на длабочина од речиси 3.800 метри. Температурата на водата била околу -2°C, што значело дека оние што останале во морето починале од хипотермија за неколку минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

