Свет
(Видео) Новороденче спасено од канализација во Јужна Африка
Спасувачи во јужноафриканскиот град Дурбан, по тричасновна акција, успеале да извлечат новороденче од одвод, објави Би-би-си.
Минувачи го слушнале плачот на детето и се јавиле во надлежните служби. За да стигнат до бебето, спасувачите ја ископале областа околу каналот.
Болничарите веднаш го прегледале бебето и го пренеле во главната болница во градот.
Докторите рекле дека бебето имало блага хипотермија, губење на телесната топлина и неколку модринки и расеченици.
Полицијата испитува како новороденето девојче завршило во градскиот одвод и кои се неговите родители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

