Свет
(Видео) „Ова беше торнадо“, велат властите во Швајцарија по страшното невреме
Силно невреме го погоди градот Ла Шо-де-Фонд во швајцарскиот регион Нојшател, кој граничи со Франција. Локалната полиција соопшти дека невремето предизвикало смрт на лице на 50-годишна возраст по уривањето градежен кран, а повредени се 15-ина лица, пренесува „Франс 24“.

„Невремето помина бргу, но силните ветрови предизвикаа значителна штета. Возилата беа оштетени или уништени, покривите беа разнесени и дрвјата откорнати. Овој настан, веројатно торнадо, е поврзан со бура, која бргу се развива по должината на планинскиот венец Јура“, соопшти швајцарската метеоролошка служба.
A violent storm has cause major damage in La Chaux-de-Fonds of Switzerland 🇨🇭
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/GqFxW8eavV
— Disaster News (@Top_Disaster) July 24, 2023
Акциите за спасување и расчистување се во тек, а полицијата на Нојшател ги повика луѓето да не се изложуваат на ризици за да не паднат дрвја или други предмети врз нив.
⛈ Avant de toucher La Chaux-de-Fonds en Suisse, l’orage et ses rafales destructrices ont balayé Montlebon dans le Doubs où les dégâts sont importants avec plusieurs toitures arrachées. (© SDIS25) pic.twitter.com/SHIQO46NWY
— Météo Express (@MeteoExpress) July 24, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

