Контакт

Свет

(Видео) Пелоси ги прекрши мерките, снимена на фризер без маска

Објавено пред

Најмоќната американска демократка Ненси Пелоси е снимена во фризерски салон без заштитна маска за лице.

Според снимките до кои дошол „Фокс њуз“, претседателката на Претставничкиот дом на САД била на фризер во Сан Франциско без заштитна маска на лицето, со што ги прекршила градските мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

На видеото се гледа дека Пелоси шета низ еСалон со маска спуштена околу вратот, а не поставена на лицето. Зад неа оди стилистот кој имаше правилно ставена маска, пишува „Би-би-си“.

На фризерските салони во Сан Франциско им е забрането да работат веќе подолго време, па затоа таа не требаше да биде таму под никакви околности, пишува „Гардијан“.

Со оглед на нејзината улога како претседателка на Претставничкиот дом и редовните пораки до Американците за важноста да се носат маски и да се следат мерки за ограничување, овој инцидент може да има големо влијание врз нејзиниот политички кредибилитет.

Портпаролот на демократите изјави дека Пелоси не знаела дека ги крши мерките донесени во Сан Франциско.

„Салонот им понуди на пратениците да закажат термин за понеделник. Нејзе и беше кажано дека градот дозволува еден клиент во салонот. Пратеничката се придржуваше кон правилата што и ги презентираше салонот“, рече портпаролот Дру Хамил.

Свет

Русија бара итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Објавено пред

Руското Министерство за надворешни работи ги повика инволвираните во конфликтот во Нагорно-Карабах веднаш да престанат со огнот и да започнат преговори за стабилизирање на ситуацијата.

Министерството преку соопштение посочи дека состојбата во тој регион нагло се влошила, пренесува агенцијата „Тасс“.

Утрово дојде до нова ескалација во регионот Нагорно-Карабах.

Ерменија објави дека Азербејџан започнал офанзива во правец на Нагорно-Карабах, додека од Баку соопштија дека преземаат само реципрочни мерки против ерменските дејствија во областа.

Министерството за одбрана на Ерменија објави дека ерменските сили собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала во Нагорно-Карабах.

Министерството за одбрана на Азербејџан, пак, претходно објави дека ерменските сили отвориле оган долж линијата на раздвојување и дека имало цивилни жртви.

Светските агенции веќе пренесоа дека вастите во регионот Нагорно-Карабах вовеле воено законодавство поради ескалацијата на конфликтот со Азербејџан.

„Почнавме да ги мобилизираме сите граѓани на возраст над 18 години. Во земјата е прогласена воена состојба“, соопштил претседателот на непризнатата република, Арајик Арутјунјан.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Нагорно-Карабах прогласена воена состојба

Објавено пред

Властите во регионот Нагорно-Карабах воведоа воено законодавство поради ескалацијата на конфликтот со Азербејџан, пренесува агенцијата „Тасс“

Ерменските медиуми објавија дека претседателот на непризнатата република Нагорно-Карабах, Арајик Арутјунјан, објавил дека е воведено воено законодавство.

„Почнавме да ги мобилизираме сите граѓани на возраст над 18 години. Во земјата е прогласена воена состојба“, соопштил тој.

Би-би-си, претходно јави дека Ерменија и Азербејџан започнале судири околу регионот Нагорно-Карабах.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека Азербејџан извршил воздушен и артилериски напад, но ерменските сили возвратиле со уривање на два хеликоптера и три дрона.

Азербејџан, пак, соопшти дека Ерменија започнала огромна акција за гранатирање долж линијата на фронтот.

И Ерменија и Азербејџан беа дел од Советскиот сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.

Долготрајниот конфликт повторно се разгоре во последните месеци, а во борбите на границата само во јули загинаа 16 лица.

Прикажи повеќе...

Европа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Објавено пред

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен тест за ставовите кон странците, кои сочинуваат една четвртина од тамошната популација.

Укинувањето на Договорот со ЕУ за слобода на движење на луѓето, кој е на сила од 2002 година, го побара десничарската популистичка Швајцарска народна партија, а преку него би можеле да се загрозат уште шест билатерални договори со ЕУ. Раскинувањето на еден, значи автоматско раскунување на сите договори од таа група.

Договорите опфаќаат истражувања, земјоделство, технички бариери за трговија, јавни набавки, копнен транспорт и цивилен воздушен транспорт.

ЕУ како последица би можела да раскине и неколку други договори. Ова практично би значело крај на швајцарскиот модел за односи со Унијата. Затоа повеќето Швајцарци се против оваа иницијатива.

Анкетата на gfs.bern покажа дека 63 проценти од испитаниците се противат на предлогот на Швајцарската народна партија, а 35 проценти го поддржуваат, што укажува на тоа дека гласачите сакаат стабилност во време на економска неизвесност поради пандемијата на коронавирусот.

Покрај тоа, Швајцарците одлучуваат и за уште четири прашања: купување борбени авиони, породилно отсуство за татковците, измени на законите за лов и даночни олеснувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Свет2 часа

Во Нагорно-Карабах прогласена воена состојба

Властите во регионот Нагорно-Карабах воведоа воено законодавство поради ескалацијата на конфликтот со Азербејџан, пренесува агенцијата „Тасс“ Ерменските медиуми објавија дека...

Европа2 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет3 часа

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија16 часа

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа18 часа

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија20 часа

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија21 час

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет22 часа

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет22 часа

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ24 часа

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ1 ден

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија1 ден

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет1 ден

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет1 ден

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа1 ден

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет1 ден

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ2 дена

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Досие