Свет
(Видео) Повеќе од 100 исчезнати во бурата Ета, евакуација на Флорида
Американската сојузна држава Флорида ги затвори плажите, местата за тестирање на коронавирусот, јавниот превоз и нареди евакуација на одреден број луѓе бидејќи се засилува тропската бура Ета носејќи силен дожд на веќе поплавените градски улици.
Флорида веќе ги брои мртвите поради бурата Ета, а во Мексико и Централна Америка повеќе од 100 лица се водат за исчезнати, пренесува АП.
Tropical Storm Eta brings heavy rain and flooding to parts of South Florida. https://t.co/au9eMyyqoo pic.twitter.com/qAE8B1B4Yt
— ABC News (@ABC) November 9, 2020
Дури и ако невремето не се претвори во ураган, бавната брзина со која се движи и обилниот дожд се огромна закана за јужна Флорида, каде што минатиот месец паднаа повеќе од 35 сантиметри дожд, а се проценува дека набргу може да паднат уште 30.
„Во некои области земјата не апсорбира вода доволно бргу, а дождот паѓа сè повеќе“, рече Хозе Пепе Дијаз, секретар на округот Мајами Дејд.
Firefighters in Honduras helped save several people, including an infant, from flooding caused by Tropical Storm Eta.
Although Eta has weakened to a tropical depression, it continues to bring life-threatening flooding to parts of Central America. https://t.co/IAO1tLMcYK pic.twitter.com/jDxNLn2e3P
— ABC News (@ABC) November 5, 2020
Градоначалникот на округот Мајами Дејд, Карлос Хименез, изјави дека е во контакт со службите против поплави, кои се обидуваат да испумпаат вода од поплавените подрачја и да извлечат заглавени возила.
Досега Ета имаше просечна брзина на ветрот од 100 километри на час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

