Свет
(Видео) Под урнатините спасена мајка со три деца
Колку и да е страшна ситуацијата во Турција и Сирија, каде што повеќе од 9.500 луѓе загинаа во разорните земјотреси што го погодија регионот во понеделникот, повремено има и оптимистички вести.
Имено, спасувачите успеваат да извлечат деца кои неколку часа биле затрупани под урнатините, но, за среќа, успеале да преживеат.
Така, припадниците на спасувачките служби во градот Идлиб од под урнатините успеале да извлечат мајка со три деца.
(VIDEO) Members of White Helmets civil defense agency rescued a mother and three children from collapsed building in earthquake-hit Idlib city of Syria https://t.co/lowN6tT7TX pic.twitter.com/HDBS9kkU05
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 8, 2023
Исто така, во Салкин Гард, недалеку од Идлиб, припадниците на „Белите шлемови“ успеале да извлечат девојка под урнатините, која била закопана повеќе од 40 часа, пренесува „Ослобоѓење“.
Once again, another miracle….. a child rescued after more than 40 hours of being trapped under the rubble of her house in the city of #Salqin in the countryside of #Idlib, #Syria yesterday, February 7.#SyriaEarthquake #earthquake pic.twitter.com/R7kRsNZFEG
— The White Helmets (@SyriaCivilDef) February 8, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

