Контакт

Свет

(Видео) Пожар во Русија се прошири на 10.000 квадратни метри, загина пожарникар

Објавено пред

Голем пожар одзеде живот на еден пожарникар, а двајца се тешко повредени, додека огнот продолжува да се шири во област на фабрика во Санкт Петербург.

Околностите за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати и пожарникарите продолжуваат да се борат со стихијата, која може да се види од историскиот центар на Санкт Петербург и зафаќа повеќе од 10.000 квадратни метри.

Во пожарот поради гушење загина еден пожарникар, а двајца се тешко повредени, пренесува „Франс прес“. Огнот е сè уште силен и ги голта дрвјата во близина, а во гаснењето на пожарот учествуваат 350 пожарникари. Властите соопштија дека 40 лица биле евакуирани од фабриката. Истражниот комитет почна истрага за небрежност што довела до смрт.

Според државната новинска агенција ТАСС, за време на инспекцијата во февруари и март биле забележани голем број неправилности, особено недостиг на алармни системи и автоматско исклучување.

Фабриката Невски е голем комплекс од црвени тули, изграден од англиски индустријалец во 19 век, а долго време била една од најголемите фабрики за текстил во СССР. До денеска во него се сместени индустриски погони, еден дел е напуштен, а дел е изнајмен како трговски простор.

Свет

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Објавено пред

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „ГлаксоСмитКлајн“ ќе ја помести во испитување во третата крајна фаза, откако вакцинацијата произвела силни имунолошки одговори кај волонтерите во средната фаза од испитувањето.

Испитувањето на вакцината во третата фаза ќе започне во следните неколку недели и ќе опфати над 35.000 возрасни волонтери ширум светот.

Наодите претставуваат охрабрувачки вести за вакцината која заостануваше во развојот и досега ги разочара оние што очекуваа дека таа ќе биде клучна во борбата против пандемијата. Доколку вакцината може да стане достапна во последните три месеци од оваа година, како што се надеваат нејзините развивачи, таа сепак може да има централна улога како засилувач, како и почетна инокулација во земјите во развој, каде што темпото на вакцинација заостанува.

Вакцината претрпе голем неуспех во декември минатата година, кога нејзините развивачи објавија дека се чини дека не функционира добро кај постарите лица и дека ќе мора да ги одложат плановите за да ја тестираат во испитувањето во фаза 3, клучниот тест што ќе ја процени ефикасноста на вакцината.

Но, компаниите ја модификуваа вакцината и во февруари започнаа да ја тестираат во студија во фаза 2, во која беа вклучени повеќе од 700 волонтери во САД и Хондурас на возраст од 18 до 95 години. „Санофи“ соопшти дека вакцината не предизвикува никакви загрижености за безбедноста и произведува силен имунолошки одговор кај возрасните групи, што открива дека успешно е изменета.

„Санофи“ ги објави наодите во соопштение и најави дека планира наскоро да ги објави резултатите во медицинско списание.

„Санофи“ и „ГСК“ се многу поискусни во развојот на вакцините отколку голем број нивни ривали кои веќе имаат добиено овластување. Двете компании користеа постабилен пристап отколку оние распоредени во другите, побрзо развиени вакцини против Ковид-19. Нивната вакцина се базира на вирусни протеини произведени со инженерски вируси кои растат во клетките на инсектите. „ГСК“ ја снабдува вакцината на „Санофи“ со помошно средство, состојка што се користи во многу вакцини за зајакнување на имунолошкиот одговор.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Објавено пред

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа.

Најновата беше извршена само неколку часа откако премиерот Бенјамин Нетанјаху објави нова, четврта војна со палестинскиот Хамас, која владее со појасот Газа.

Во 10-минутниот напад утрово беа погодени цели во поширокиот појас Газа, израелската авијациска операција траеше подолго од вчера, најсмртоносна досега во која беа убиени 42 Палестинци, а според извештајот на АП, утрово уште три високoкатници се срамнети со земја.

Израелската армија соопшти дека нападите биле извршени врз сомнителни живеалишта на девет команданти на Хамас низ цела Газа, но засега нема податоци за бројот на жртвите и материјалната штета.

Локалните медиуми објавија дека главните крајбрежни патишта во западните делови на градот, зградите на безбедносните служби, утрово исто така биле мета на израелски ракети и бомби, а локалната компанија за дистрибуција на електрична енергија соопшти дека е оштетен далекуводот од единствената централа за снабдувањето со електрична енергија на повеќето јужни делови.

Во вчерашното ТВ обраќање до нацијата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на воздушните напади „со полна сила, до ново известување, бидејќи Израел има намера да му наплати на Хамас висока цена“, а исто така доби поддршка и од неговиот политички ривал, израелски Министерот за одбрана Бени Ганц.

Членовите на Хамас, исто така, продолжија да ракетираат населени места во Израел, лансирајќи ракети од станбени области на Газа.

Прикажи повеќе...

Свет

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Објавено пред

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова, воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со опасни материи, излетал од шините, по што избувнал пожар.

Локалните власти наредија евакуација на околу 80 лица на пет милји од местото на несреќата, но засега нема извештаи за жртви.

47 вагони скокнаа од шините, а истрагата за причините за оваа несреќа е во тек, објавено е од седиштето на „Унијата Пацифик“, пренесува „Ројтерс“.

Според началникот на локалната противпожарна служба, амонијакот и минералните ѓубрива биле транспортирани во цистерни и вагони.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „ГлаксоСмитКлајн“ ќе ја помести...

Свет34 минути

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет50 минути

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова, воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија11 час

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија16 часа

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет17 часа

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија18 часа

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет21 час

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет22 часа

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет23 часа

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет2 дена

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Македонија2 дена

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Свет2 дена

(Видео) Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“ и светски агенции

Израел во воздушен напад уништи зграда во која се сместени канцелариите на катарската телевизија „Ал-Џезира“, како и на светските новински...

Македонија2 дена

Заев: Законот за дивоградбите ќе се врати во Собрание, мора да ги спасиме домовите на сиромашните

Премиерот Заев вели дека не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски не...

Македонија2 дена

Родителите против дигитализација: Преку референдум ќе ги спасиме нашите деца

Oдборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржа протест пред Министерството за образование, противејќи се на...

Македонија2 дена

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко...

Македонија2 дена

МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел

Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат...

Македонија2 дена

Во болниците низ земјава има 536 ковид-пациенти, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 22 лица

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Свет2 дена

Најмалку 12 загинати во воздушнитe напади на Газа, срушена е и џамија

Палестинските власти потврдија дека најмалку 12 лица загинaле денеска во еден од неколкуте воздушни напади на северот на Појасот Газа,...

Досие