Свет
(Видео) Полицијата во Минск употреби ласери и светлечки гранати против демонстрантите

Полицијата во Минск користела ласери и светлечки гранати за да ги растера демонстрантите собрани во западните предградија на Минск, јавува дописникот на ТАСС. Речиси 500 лица, пред сè, млади, се собрале синоќа во Минкс на протести.
@nexta_tv riot police footage #minsk pic.twitter.com/m6QAgnIFcg
— Voices from Belarus (@voicesfrombela1) August 11, 2020
Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти. По објавувањето на резултатите, избувнаа протести во Минск и неколку други градови.
#BeWater wurde für heute Abend als Aktionsform für #Minsk ausgerufen. Jetzt werden auch Laserpointer eingesetzt. Es scheint, als würden sich die Demonstranten in #Belarus die Proteste in #HongKong zum Vorbild nehmen. pic.twitter.com/1GtkOnxsNV
— Jan-Henrik Wiebe (@jan_wiebe) August 11, 2020
Властите во Белорусија соопштија дека на протестите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко се уапсени речиси 2.000 незадоволни граѓани. Министерството за внатрешни работи наведе дека е повреден 21 припадник на полицијата и безбедносните служби, од кои петмина се хоспитализирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во синагога: има загинати и повредени во Мачестер

Напад со нож се случи во синагогата Крамсал во Манчестер, а полицијата потврди дека две лица се убиени и дека „уште три граѓани се во сериозна состојба“.
Градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, го нарече нападот „сериозен инцидент“ и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа.
Би-Би-Си, исто така, објави дека „се чини дека непосредната закана поминала“. Полицијата реагираше брзо и е на местото на настанот, а истрагата е во тек.
Полицијата соопшти дека добила пријава во 9:31 часот по локално време од граѓанин кој видел автомобил како се движи со брзина кон луѓе пред синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк на патот Мидлтон, Крамсал, и дека еден човек бил избоден со нож.
Во полициското соопштение се наведува дека се верува дека напаѓачот, кон кого пукале припадници на полицијата, исто така е убиен, но дека ова „не може да се потврди во моментов поради безбедносни проблеми“ во врска со сомнителните предмети на неговото тело, објави Би-Би-Си.
Според изјавите на очевидци и објавите на социјалните мрежи, полицијата се сомнева дека напаѓачот поседувал бомба. Оваа информација не е официјално потврдена од членовите на полицијата на Манчестер.
Градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, за Би-Би-Си Радио Манчестер изјави дека се верува дека напаѓачот е „мртов“, но нагласи дека тоа „сè уште не е потврдено“.
Фото: принтскрин
Свет
Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени ја погоди денес западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот беше почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, објавија медиумите.
Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Свет
Илон Маск – првиот полубилионер во светот

Илон Маск, директорот на компанијата „Тесла“, е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 500 милијарди долари (приближно 425 милијарди евра).
Богатството на Маск накратко достигна 500,1 милијарди долари во попладневните часови на 1 октомври по њујоршко време за пред малку да падне на нешто над 499 милијарди долари, според листата на милијардери на „Форбс“.
Покрај „Тесла“, вредностите на другите компании на Маск исто така се зголемија, како што се стартапот во областа на вештачката интелигенција „хВИ“ и компанијата „Спејс икс“.
Сето ова дополнително го зајакнува статусот на Маск како најбогат човек во светот далеку пред конкурентите во глобалниот технолошки сектор.
Втор најбогат човек во светот моментно е Лари Елисон, основачот на технолошката компанија „Оракл“, чие богатство се проценува на речиси 350,7 милијарди долари.
Елисон накратко го престигна Маск минатиот месец кога акциите на „Оракл“ скокнаа за повеќе од 40 проценти по оптимистичките деловни прогнози во областа на вештачката интелигенција.
Огромното богатство на Маск е главно поврзано со неговиот удел од над 12 проценти во „Тесла“, чии акции значително пораснаа оваа година.
Во средата, на затворањето на берзата во Њујорк, акциите на „Тесла“ пораснаа за повеќе од 3,3 проценти, а од почетокот на годината забележаа раст од повеќе од 20 проценти.
Инвеститорите позитивно реагираат на фактот дека Маск во последно време повеќе се посветува на своите компании, а помалку на политиката.
Неодамна, тој беше цел на критики за неговата работа со администрацијата на Трамп, првенствено со Одделот за владина ефикасност, кој беше задолжен за намалување на владините трошоци и бројот на вработени во јавниот сектор.
Маск, кој е и сопственик на социјалната мрежа „Икс“, често јавно ги искажува своите ставови за теми, како што се имиграцијата и програмата за разновидност, еднаквост и вклучување (DEI), што исто така предизвикува големо внимание.
Тој сега е целосно посветен на „Тесла“, изјави Робин Денолм, претседател на управниот одбор на „Тесла“, во септември.
Управниот одбор исто така објави бонус од една милијарда за Маск ако постигне многу амбициозни цели во следните десет години.
За да го постигне ова, тој би морал да ја зголеми вредноста на „Тесла“ осумпати, да продаде милион роботи базирани на вештачка интелигенција, дополнителни 12 милиони автомобили и да исполни голем број други барања.
Минатиот месец Маск објави дека купил акции на „Тесла“ во вредност од речиси една милијарда долари, што многу инвеститори го протолкуваа како знак на доверба во иднината на компанијата.
Сепак, во последните години „Тесла“ се соочи со сериозна конкуренција, првенствено од кинескиот гигант BYD, како и со предизвици поврзани со трансформацијата во компанија што се занимава со вештачка интелигенција и роботика.
Фото: принтскрин