Свет
(Видео) Поплави во Австралија, издадено предупредување за евакуација

Австралиските власти издадоа предупредување за евакуација на одредени градови во државата Нов Јужен Велс поради силното невреме и поплавите.
Откако реката Твид се излеа од своето корито, на локалното население кое живееше покрај неа му беше наредено да се евакуира.
Електрична енергија, интернет и други комунални услуги исто така тешко функционираат.
Само во изминатите 24 часа службениците за итни случаи добиле околу 150 повици за помош.
Обилните дождови ги погодија бреговите на Нов Јужен Велс и Квинсленд и предизвикаа голема ерозија.
Метеоролозите велат дека количината на дожд што паднала е слична на количината на циклон – околу 1.000 мм за четири дена.
Службите за итни случаи ги повикуваат луѓето да останат во своите домови и да избегнуваат возење низ надојдените води.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Исланд почна да издава потврди за вакцинација со цел да се олесни патувањето

Исланд започна со издавање на првите сертификати за вакцинација со цел да им се олесни патувањето на оние кои се заштитиле од Ковид-19, соопштија денеска тамошните власти.
Околу 4,8 илјади луѓе на Исланд примиле по две дози од вакцината против Ковид-19 и добиле потврда на платформата достапна на интернет од минатиот четврток, изјави исландската министерка за здравство за „Франс Прес“.
Таа посочила дека целта е повторно да се овозможи циркулација на жителите, иако исландскиот сертификат во моментов важи само за патувања во таа островска држава.
Исланд планира да прима граѓани на земјите од ЕУ кои ќе започнат сличен механизам или ќе го преземат механизмот кој би бил воспоставен од Светската здравствена организација (СЗО).
Исланд не е дел од ЕУ, но се наоѓа во шенген зоната за слободно движење, што е ограничена со мерките за борба против коронавирусот.
Расправата за т.н. ковид-пасоши што ќе го олеснат патувањето во моментов е тема на дебата во рамките на ЕУ, но прашањето е далеку од консензус.
Земји како Грција се залагаат за такво решение за спас на нивниот туристички сектор, но од друга страна Франција и Германија сметаат дека е прерано за ваква дебата.
Европа
Русија следниот месец ќе започне со производство на втората вакцина против Ковид-19

Русија во февруари ќе започне со масовно производство на својата втора вакцина против Ковид-19, најави денеска премиерот Михаил Мишустин откако минатата недела земјата започна масовна кампања за вакцинација.
„Следниот месец, ќе започнеме со масовно производство на вакцината ЕпиВаКорона“, рече Мишустин на состанок пренесуван на телевизија, додавајќи дека руската влада издвоила околу 21,8 милиони евра за оваа намена.
По „Спутник В“ ова ќе биде втора руска вакцина против Ковид-19, респираторна болест од која досега починаа повеќе од 2 милиона луѓе ширум светот.
Новата вакцина беше регистрирана во Русија во октомври, а е изработена од лабораторијата „Вектор“ во Новосибирск. Во советско време, оваа лабораторија тајно истражувала биолошко оружје и чувала примероци од разни вируси, од вариола до ебола.
Владимир Путин во понеделникот изјави дека епидемиолошката состојба во земјата се движи кон стабилизација, бидејќи Русија за прв пат од почетокот на ноември пријавила помалку од 20.000 нови инфекции на ден.
Официјалните податоци кои се ажурираат секојдневно покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Русија 3.756.931 лице биле заразени со коронавирус, од кои 70.482 починале.
Европа
Холандски министер за нередите во земјата: Тие луѓе се џган, полицискиот час останува

Холандската влада соопшти дека нема да ја повлече својата одлука за полициски час за борба против пандемијата на Ковид-19, и покрај немирите што ја потресоа земјата од неговото стапување на сила во саботата навечер.
„Не може да се капитулира пред луѓе што кршат излози“, рече министерот за финансии, Вопке Хоекстра, цитиран од холандската новинска агенција АНП. Тој оцени дека за немирите не се виновни легитимните демонстранти, туку насилен џган.
Холандската полиција денеска бјави дека уапсила најмалку 184 лица за учество во насилните немири кои траат трета ноќ по ред и се најлоши во последните четириесет години.
Најмалку десет полицајци се повредени во последните судири со бунтовниците кои ограбиле продавници и запалиле автомобили во неколку градови низ земјата меѓу кои и Ротердам, Амстердам и Хаг.
Министерот за правда Ферд Граперхаус исто така за АНП изјавил дека владата нема да се откаже од мерката, велејќи дека е неопходен полициски час за борба против новиот вид на коронавирус.
Немирите започнаа веднаш по воведувањето на полициски час, прва ваква мерка во земјата по Втората светска војна.
Повеќето жители на Холандија го почитуваат полицискиот час за време на кој граѓаните не смеат да ги напуштат домовите од 21 до 4.30 часот, пишува агенцијата „Франс прес“.
Премиерот Марк Руте во понеделникот го осуди криминалното насилство, велејќи дека тоа е неприфатливо и дека 99 проценти од Холанѓаните ги поддржуваат ограничувањата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот