Свет
(Видео) Поранешен американски полковник: Војната во Украина ќе заврши за 30 дена

Даглас Мек Грегор, поранешен полковник на американската армија и поранешен советник на секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Кристофер Мулер, кој ја вршеше оваа функција за време на претседателствувањето на Доналд Трамп, смета дека Русија ќе стави крај на конфликтот со Украина во следните 30 дена.
Мек Грегор истакнува дека Русија подготвува офанзива која ќе стави крај на вооружените конфликти на територијата на соседната земја.
– Зеленски е всушност лидер сега. Таму има војска – националистите се обидуваат да го контролираат тоа што остана. Но, вистината е дека украинските трупи не успеаја – не можат да го вратат изгубеното. Повлечен е најголемиот дел од руската армија. Тие се одмараат и се опоравуваат во последните неколку недели. Тие се подготвуваат за масовна офанзива за да се стави крај на оваа војна еднаш засекогаш во рок од 30 дена.
– Никој во Европа не сака војна со Русите. Повеќето од вооружените сили на овие земји се чисто симболични. Тие не се бореле со децении. И дефинитивно не се подготвени да примат удар од Русите. Руската армија делуваше неспособно, но сега гледаме дека веќе 150 дена се води континуирана борба со украинските војници и нивно буквално уништување. Значи, никој не сака ништо со оваа војна, Европејците не се подготвени да војуваат. Сега имаме лекција. Русија има многу ресурси, можеби најбогатата земја, и нема да се откаже. И рејтингот на популарноста на Путин порасна. Впрочем, тој ја бранеше Русија – изјави Мек Грегор, пренесе Нпортал.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
На парламентарните избори во Бугарија ќе учествуваат 24 партии и 7 коалиции

Денеска во 17 часот истече рокот во кој партиите и коалициите во Бугарија требаше да ги достават потребните потписи и документи за регистрација за учество на претстојните предвремени парламентарни избори на 2 октомври, информира „БГНЕС“.
Документи за учество на изборите поднеле вкупно 24 партии и 7 коалиции.
Утре ЦИК ќе ја заврши проверката на сите доставени документи, а доколку има некој од потписите што не содржат 2.500 валидни потписи, формацијата ќе биде избришана.
Следниот важен рок е 27 август. До тој датум, само коалициите на партии регистрирани од Централната изборна комисија можат да поднесат апликации за да ги одразат промените што се случија во составот на коалицијата – напуштање партија или пристапување во нова партија.
Бугарите кои живеат во странство можат да се пријават за гласање преку Интернет. Електронската апликација за поднесување барања од Бугари во странство за гласање на предвремените избори ќе се прифаќа од денеска до 6 септември.
Изборите на 2 октомври ќе се гласаат машински, со истиот софтвер како и на последните парламентарни избори.
Регион
Откриени 73 килограми кокаин во БиХ

Властите во Босна и Херцеговина денеска заплениле 73 килограми кокаин вреден неколку милиони евра, што е едно од најголемите откриени количества на оваа дрога во земјата по завршувањето на војната.
Кокаинот бил шверцуван со друга стока што била увезена во Босна и Херцеговина, а бил откриен во акција што била спроведена со помош на партнерските агенции на Европската унија и Европол.
По наредба на Обвинителството на БиХ, членови на Дирекцијата за организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, дрогата кокаин ја откриле во магацин.
„Ова е една од најголемите заплени на наркотична дрога кокаин во постдејтонска Босна и Херцеговина, а вредноста на запленетите наркотици на нелегалниот нарко пазар изнесува неколку милиони евра“ – се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина. .
Оттаму додаваат дека истрагата се води во соработка со партнерските агенции. Обвинителството на БиХ ја продолжува истрагата со цел целосно да се расветлат сите околности на меѓународниот шверц на кокаин.
Свет
СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

Над 35.000 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во 92 земји и територии во светот, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела, додека бројот на починати е 12.
Ова го изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) – Тедрос Аданом Гебрејесус.
„Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници се пријавени во СЗО од 92 земји и територии со 12 смртни случаи“, рече тој, пренесе ТАСС.
Како што наведе, минатата недела се пријавени близу 7.500 случаи на мајмунски сипаници.