Контакт

Свет

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Објавено пред

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати.

Видеата го прикажуваат пустошот што зад себе го остави огнената стихија.

Свет

Кина бара од Трамп да стави вето на законот за човекови права во Хонг Конг

Објавено пред

Кина побара од американскиот претседател, Доналд Трамп да стави вето на законот со кој се поддржуваат човековите права во Хонг Конг, а кој Сенатот на САД вчера го одобри.

Кинеските власти повторија дека ќе преземат силни контрамерки доколку се усвои законот. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, рекол дека хонгконгшкиот закон за човекови права и демократија ги поткопува и интересите на Кина и интересите на САД во тој полуавтоматска територија.

Законот предвидувал САД секоја година да го потврдуваат високиот степен на автономија на Хонг Конг, со што би се оправдал посебниот трговски статус на таа територија, како и санкциите на кинеските и хонгконгшки функционери, ако ја сузбиваат слободата на оваа територија.

Белата куќа претходно соопшти дека Трамп ќе го потпише законот.

Прикажи повеќе...

Свет

Маж со пушка предизвика вонредна состојба во Берлин

Објавено пред

Берлинската полиција распореди единици за тактички одговор околу бегалски камп, откако бил забележан маж со автоматска пушка. Подоцна било утврдено дека се работи за реплика.

Портпаролката на полицијата, Патриција Бремер, рекла дека полицаец, кој не бил на должност во тој момент, забележал преку прозорец маж со пушка како позира за фотографирање, за кого рекол дека изгледал опасно, поради што веднаш ги известил колегите, пренесе АП.

Околу 30 полицајци веднаш дошле на лице место, каде затекнале двајца мажи со воздушна пушка и муниција, за која подоцна се утврдило дека не е вистинска.
Против двајцата мажи, на возраст од 27 и 29 години, се води истрага поради сомневање дека го прекршиле Законот за вооружување, според кој е забрането да се прикажува реплика на оружје во јавност.

Прикажи повеќе...

Свет

Естонија си ги бара од Русија „анексираните територии“

Објавено пред

Претседателот на естонскиот парламент и член на Конзервативната народна партија ЕКРЕ, Хен Пилуас, изјави дека Русија би требало да ѝ ги врати на балтичката република наводно „анексираните територии“, пренесува „Спутник“.

„Не сакаме ниту еден квадратен метар руска територија. Само сакаме да се вратат нашите. Русија анектираше околу пет отсто од територијата на Естонија“, напиша Пилуас на „Фејсбук“.

Пилуас инсистира дека естонско-руската граница е утврдена со неважечкиот Тартуски мировен договор, а напредок во потпишувањето на пограничен договор може да се постигне само ако руската страна ги признае одредбите од овој договор.

Оваа изјава дојде по интервјуто на директорот на Второто европско одделение при руското Министерство за надвореши работи, Сергеј Бељајев, во кое тој истакна дека Тартускиот мировен договор не важи. Бељајев напомена дека во сите расправи што се однесуваат на ратификацијата на пограничниот договор Талинсе повикува на документ од 1920 година кој нема правна моќ, а врз основа на кој се изнесени територијалните претензии кон Москва.

Членот на Одборот за меѓународни работи во државната Дума на Русија, Антон Морозов, за РТ ја прокоментира изјавата на естонскиот пратеник.

„Мислим дека за Естонија е многу поисплативо да гради конструктивни односи со Русија. Не би им советувал на Естонците да се глупираат со историјата, инаку лесно ќе се утврди дека не е Естонија таа што треба да добие дополнителни територии. Ова прашање мора засекогаш да се затвори“. нагласи тој.

Морозов исто така објасни дека Русија нема територијални претензии кон Талин, но нагласи дека немаат намера да слушаат вакви глупости од естонската страна зашто ова не е првпат естонски политичари да го покренуваат прашањето за територијални претензии кон Русија.

Научниот директор на Руското воено-историско друштво, Михаил Мјагков, ги нарече територијалните претензии на Естонија кон Русија апсолутно неосновани.

„Нема тука никакви прашања. Естонија не би влегла во НАТО да не беше потпишан договорот со Руската Федерација. Алијансата не прифаќа земји со погранични спорови и проблеми“, истакна Мјагков, кој потсети дека во 1920 година во Русија била граѓанската војна и дека границите за кои станува збор се фактички наметнати.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија2 часа

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија3 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија4 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија4 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет4 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет5 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија5 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија18 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија21 час

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа23 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија1 ден

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија1 ден

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија1 ден

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија1 ден

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија1 ден

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија1 ден

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 ден

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 ден

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Досие