Свет
(Видео) Протест во Киев за убиените бранители на Азовстал

Антон Герашенко, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, сподели видео од протестот одржан денеска во Киев поради смртоносниот напад на затворот во Оленивка, во кој биле убиени десетици заробени бранители на Мариупол.
Меѓу убиените има и припадници на Азовскиот полк, кои се предадоа по падот на фабриката за челик Азовстал, која со месеци ја бранеа од руските напади.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за нападот, а проруските сепаратисти тврдат дека во нападот биле убиени 53 воени заробеници.
„Семејствата и најблиските на бранителите на Азовстал одржаа протест во Киев, каде побараа Русија да биде прогласена за држава која промовира тероризам. Тие потсетија дека кога бранителите на Азовстал се предадоа како воени заробеници, ОН и Црвениот крст ветија дека тие би биле безбедни“, најави Герашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Бајден потпиша документи за поддршка на приемот на Шведска и Финска во НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша документи кои го поддржуваат пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО.
Бајден ги потпиша Инструментите за ратификација на Протоколот за пристапување кон Северноатлантскиот договор за Република Финска и Кралството Шведска.
Апликациите на Шведска и Финска за влез во НАТО беа претходно ратификувани од американскиот Сенат.
Претходно американскиот Сенат со гласање 95-1-1 ја одобри резолуцијата со која се ратификуваа барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО, дозволувајќи и на администрацијата на Бајден да достави документи за ратификација на алијансата.
На 5 јули, 30-те членки на НАТО потпишаа протоколи за пристап за Финска и Шведска, кои ги поднесоа своите апликации за членство во мај, напуштајќи ја децениската неутралност и наведувајќи ја промената на безбедносната ситуација во Европа. Сите членки на блокот допрва треба да ги ратификуваат протоколите во согласност со националното законодавство.
Регион
Затворени три популарни плажи на грчкиот остров Тасос

Поради високите температури во Грција и ризикот од пожари, затворени се трите најпопуларни плажи на Тасос. Грчките власти воведоа посебни мерки за заштита на локалното население и туристите.
Пристапот е забранет на најпопуларните плажи – Порто Вати, Мермерна и Парадајс, а ограничен е и сообраќајот на одредени патишта. На туристите им се советува и да не одат во селата во внатрешноста на островот, како што се Теологос, Касавити, Кастро, Мариес. Исто така, се советува во наредните денови населението и туристите да изберат некои полесно достапни плажи.
„ Поради сушата и силните ветрови, ризикот од пожар е многу висок, особено во јужна Грција. Оваа состојба ќе трае неколку дена“, предупреди грчкото биро за метеорологија.
Српски туристи кои моментално се на Тасос на социјалните мрежи велат дека на плажите има пожарникари и дека никој не може да помине.
„ Денеска отидовме на Мермер Бич и не вратија назад, пожарникарите го затворија патот и нема излез“, напишаа Србите на социјалните мрежи.
Свет
Лидерот на Крим: Едно лице загина во експлозиите во близина на руската воена база

Прорускиот лидер на анектираниот украински полуостров Крим Сергеј Аксјонов изјави дека едно лице загинало како последица на експлозиите во близина на руската воена воздухопловна база.
Локалните власти соопштија и дека во експлозиите се повредени пет лица.
Очевидци изјавија за Ројтерс дека околу 15:20 часот по локално време одекнале најмалку 12 експлозии од правец на воздушната база Саки на руската армија во близина на Новофјодорвка, на западниот брег на Крим. Последната експлозија била најгласна.
Руското Министерство за одбрана тврди дека биле активирани неколку магацини со воздухопловна муниција, но не кажа што ги предизвикало експлозиите. Москва, за разлика од проруските власти на Крим, тврди дека во експлозиите нема повредени.