Свет
(Видео) Протест против Маск и Трамп во Америка: „Никој не го избра Маск“
Илјадници демонстранти се собраа вчера во Вашингтон за да протестираат против Илон Маск и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолија.
Протестот се одржа на плоштадот Унион, спроти американскиот Капитол, каде учесниците извикуваа слогани против Трамп и Маск и носеа транспаренти со пораки насочени против американската администрација.
Собирот го организираше движењето „50501“ – кратенка за „50 протести во 50 држави, едно движење“ – а демонстрациите се одржаа под слоганот „Ден без крал“, алудирајќи на американскиот празник Ден на претседателите.
Демонстрантите носеа знаци како „Никој не го избра Маск“ и „Испрати го Маск на Марс“, додека некои скандираа „Стоп за пучот“.
Движењето „50501“ го одржа својот прв протест на 5 февруари, а планирани се дополнителни собири во Оклахома Сити, Тампа, Филаделфија, Питсбург, Анаполис, Орландо, Синсинати и неколку други градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

