Свет
(Видео) Пукање во руски колеџ, две лица загинаа
Две лица загинаа, а тројца се повредени во пукање во градежен колеџ во Благовешченск, според прес-службата на Министерството за внатрешни работи на регионот Амур.
Полицијата соопшти дека млад човек дотрчал до блиската полициска патрола и рекол дека неидентификувано лице отворило оган кон колеџот.
Благовещенск. Страшная трагедия сегодняшнего дня pic.twitter.com/GglIpuEa4P
— Александр Лимонов (@Kislenky) November 14, 2019
„Кога инспекторите се качија на вториот кат од училиштето, видоа маж со оружје. Тој пукаше кон инспекторите, полицајците одговорија. Сторителот бил блокиран во амфитеатарот “, соопшти полицијата.
Напаѓачот се самоубил.
„Телата на двајца млади, меѓу кои и човекот што беше застрелан, се пронајдени на местото на настанот. Во инцидентот се повредени и три лица“, се вели во соопштението.
Студентите од колеџот и вработените ја напуштиле зградата.
Според рускиот истражен комитет, 19-годишен студент на колеџот пукал од оружје за лов. Другото убиено лице е негов врсник, а тројца, на возраст од 17, 19 и 20 години, се хоспитализирани.
Гувернерот Василиј Орлов изјави дека напаѓачот бил сам. Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите и изјави дека надлежните ќе ја дадат целата неопходна помош.
Според првичните податоци, причина за пукањето можеби е конфликтот меѓу врсниците. Студент на земјоделскиот колеџ, кој се наоѓа веднаш до градежниот колеџ, за „Спутник“ изјави дека студентот што пукал бил малтретиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

