Свет
(Видео) Пустинскиот ѓавол ја погоди Флорида
Над југозападна Флорида се формира помал пустински ѓавол. Овој виор од прашина, кој личи на торнадо, помина над индустриската зона, но не предизвика материјална штета.
Пустинскиот ѓавол е вид локален атмосферски вител.
Се формира главно во текот на попладневните часови, односно во најтоплиот дел од денот.
Impressive Southwest Florida dust devil today in Fort Myers. Check out both the size and rotation as it went through an industrial section along Hanson St. They form on sunny days from pockets of warm, rising air as the updraft starts to swirl. Credit: @WINKNews viewer Theodore S… pic.twitter.com/MmCedPbZiN
— Matt Devitt (@MattDevittWX) April 25, 2024
Најмногу се формира за време на сончеви денови со слаб ветер кога има интензивно загревање на подлогата, што доведува до загревање на воздухот до подлогата и потоа доаѓа до нагло издигнување на воздухот.
Тие се формираат над гола и сува почва или над земја со ниска вегетација бидејќи таквите типови на земјиште се загреваат побргу и значително повеќе. Ова е причината зошто виорите на прашина се формираат почесто и достигнуваат поголем интензитет во региони со сува и топла клима, како што се пустините, па оттука и името пустински ѓавол.
Во нив воздухот се крева од основата и се движи околу вертикалната оска – се врти. Овие виори обично се краткотрајни и не предизвикуваат голема штета. Нивниот дијаметар и висината може да бидат од речиси еден метар до неколку десетици метри. Тие вртат прашина, песок, лисја и полесни предмети. Понекогаш пустинските ѓаволи може да бидат поинтензивни и да направат помала штета.
Иако пустинскиот ѓавол визуелно личи на торнадо бидејќи има и виорно движење и видлива инка создадена од подигната прашина и песок, виорите се значително послаби по интензитет и пократко времетраење од торнадата, а нивното формирање не е поврзано со облаците, туку почнува од земјата при сончево време, а торнадата се спуштаат кон земјата од основата на облаците што предизвикуваат бура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.