Свет
(Видео) Путин за коронавирусот на годишната прес-конференција: Оваа борба продолжува
Во Москва денеска почна традиционалната годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин, а на самиот почеток тој се осврна на борбата против коронавирусот.
„Оваа борба продолжува, знаеме за опасностите од ширењето на омикрон“, рече Путин, пренесе „РИА новости“.
Поради мерките против коронавирусот, годинава бројот на новинари е ограничен на нешто повеќе од 500, а конференцијата се одржува на поголем простор.
Зборувајќи за вакцинацијата, Путин рече дека и другите земји имаат проблеми со ниското ниво на вакцинација, на пример, Германија.
„Колку што знам, 59,4 отсто од граѓаните во Русија се вакцинирани. Не е доволно. Потребен ни е колективен имунитет од 80 отсто. Се надевам дека ќе го достигнеме тоа ниво в година“, истакна Путин, пренесува „Спутник“.
Третото прашање се однесува на рамнотежата помеѓу ограничувањата поради коронавирусот и потребата да се спаси економијата.
Зборувајќи за поддршката за бизнисот во земјата, Путин изјави дека владата на Русија им помага на сите и особено побара од министрите поддршка за големите стопанства, кои работеа без прекин во тешкиот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

