Контакт

Свет

(Видео) Разбојник влегол во семеен дом, хрaбрата мајка го испровоцирала да ја брка за да ги спаси децата

Објавено пред

Разбојник упаднал во куќа на семејство во Калифорнија, зграбил кујнски нож и почнал да ја брка мајката низ соседството, пред да ја стигне и брутално да ја избоде. Жената веднаш била префрлена во болница каде што лекарите успеале да ѝ го спасат животот.

На снимката може да се види Марилон Палос (42), мајка на две деца, како минува низ улицата со цел да го оддалечи натрапникот од нејзините ќерки Евелин (15) и Елизабет (13).

Видеото е направено од сигурносните камери поставени на нивната куќа, а очајната мајка се слуша како вика: „Помогнете ми. Тој се обидува да ме убие“.

Џејмс Карлос Мелендерез (25) осомничен е дека ја гонел мајката по улицата пред да ја ситигне и брутално да ја избоде.

Нејзините ќерки го опишале инцидентот како од хорор-филм. Во куќата имало скршени стакла и локва крв, а девојчињата биле сигурни дека нивната мајка е мртва.

Палос веднаш била пренесена во болница, од каде што треба да излезе следните денови. Докторите велат дека имала премногу среќа што е жива.

Напаѓачот потоа се обидел насилно да влезе во уште неколку куќи, но подоцна бил уапсен.

Европа

Европскиот парламент го одобри договорот за брегзит

Објавено пред

Европскиот парламент вечерва даде конечно одобрение на британскиот договор за излегување од Европската Унија обезбедувајќи на тој начин брегзитот да почне в петок, 31 јануари.

Парламентарците го изгласаа договорот со 621 глас „за“ наспроти 49 „против“, а 13 биле воздржани.

Последната официјална етапа треба да се случи утре кога Советот на Европа по писмен пат треба да го усвои договорот по што Велика Британија ќе стане прва земја што ја напуштила Унијата.

Прикажи повеќе...

Свет

„Луфтханза“, „Бритиш ервејс“, „Аустријан ерлајнс“ и „Свис“ ги запреа летовите за Кина

Објавено пред

„Луфтханза“, „Бритиш ервејс“, „Аустријан ерлајнс“ и „Свис“ ги запреа летовите за Кина до 9 февруари поради коронавирусот.

Од Австрија последниот лет за Кина ќе се реализира вечерва од аеродромот во Виена, а загарантирано е враќањето на авионот и на екипажот. По тоа, ќе бидат запрени сите летови.

Европската комисија соопшти дека околу 600 граѓани од земјите на Европската Унија сакаат да се вратат од Кина.

„Одреден број европски државјани во Кина би сакале да ја напуштат земјата. Бројката е околу 600 и засега не се во можност да го сторат тоа“, рекол Јанез Ленарчиќ, комесар задолжен за управување со кризата.

Тој рекол дека меѓу нив има државјани на Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Шпанија, Финска, Франција, Италија, Летонија, Холандија, Полска, Португалија, Романија и на Велика Британија.

Некои земји членки сè уште немаат доставено податоци за свои државјани во Кина.

Франција вчера го активира механизмот на ЕУ за цивилна заштита за да се координира враќањето на Европејците од Вухан, центарот на епидемијата на коронавирусот. Француските власти се во контакт со кинеските за да ги утврдат оперативните детали за најавените летови на авиони за евакуација.

Засега се потврдени само два такви лета, а ЕК ќе ги плати трошоците.

Во Европа има осум потврдени случаи на коронавирус, по четири во Франција и Германија.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Отворена првата болница во Кина за заболени од коронавирус, зградата била опремена за два дена

Објавено пред

Првата кинеска болница за лекување заболени од коронавирус е отворена во градот Хуанганг, во близина на Вухан, кога работници и волонтери претворија напуштена зграда во установа со 1.000 кревети за два дена.

Зградата на болницата првично била изградена како ново крило на Централната болница „Хуанганг“ и требало да биде отворена во мај. Сепак, локалните власти во петокот наредија завршената, но празна зграда, да се користи за лекување пациенти со коронавирус, а подготовките почнаа во неделата.

До понеделникот сите кревети беа поставени, а беа завршени и инсталациите за струја, вода и интернет. Повеќе од 500 работници и десетина градежни возила работеле два дена и ноќи за да ја завршат работата навреме.

Друга болница се гради од темел во близина на Вухан и се очекува да биде завршена во текот на оваа недела, само една недела од почетокот на работите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Отворена првата болница во Кина за заболени од коронавирус, зградата била опремена за два дена

Првата кинеска болница за лекување заболени од коронавирус е отворена во градот Хуанганг, во близина на Вухан, кога работници и...

Македонија3 часа

Дескоска: Предлог-законот ја гарантира независноста на Обвинителството

Предлог-законот за Јавното обвинителство подразбира градење силно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој, покрај тековните надлежности што ги...

Македонија3 часа

Приведени две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Полицијата приведе две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“, соопшти МВР. Приведени се П. Ц. (19) и...

Македонија4 часа

Извршени вонредни проверки на 11 камиони со отпад од Италија, резултатите ќе се знаат за десетина дена

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во контекст на актуализирањето на увозот на отпад во...

Македонија5 часа

Карпош и годинава ќе доделува субвенции за велосипеди, електрични тротинети, фасади и лифтови

Од понеделник, 3 февруари, ќе почне субвенционирањето за нови велосипеди и електрични тротинети за граѓаните на општина Карпош. Карпошани ќе...

Топ5 часа

Скопјани изградиле куќа во заштитена зона во Националниот парк „Галичица“

Двајца скопјани изградиле куќа на државно земјиште во Трпејца во зоната на строга заштита, која е дел од Националниот парк...

Свет6 часа

(Видео) Кина: Носат шишиња за вода на главата, а ги завиткаа и децата во пластика

Во Кина, каде што е жариштето на коронавирусот, постои голема побарувачка за маски кои речиси воопшто ги нема на пазарот,...

Македонија9 часа

Затворена порнографската група на „Телеграм“, избришани се сите членови

Повеќе не постои порнографската група на „Телеграм“ во која имаше над 7.000 членови, а се постираа фотографии и видеа од...

Македонија9 часа

Обвинение против негувателката која малтретираше дете во игротека во Аеродром

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против негувателката која на 21 ноември минатата година беше забележана како малтеретира двегодишно дете...

Македонија10 часа

(Видео) Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот...

Македонија10 часа

Судијка сведочи во „Рекет“: Боки 13 доаѓа од просечно семејство, но неговата финансиска состојба брзо се подобри

Апелациската судијка Мери Дика-Георгиевска сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО,...

Македонија11 час

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен...

Свет11 час

Австралиски научници на чекор од откривање вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето...

Регион11 час

Српски стилист уапсен поради педофилија

Полицијата во Нови Сад го уапсила стилистот и диџеј Срѓан Швељо под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица,...

Свет12 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион12 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион13 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија13 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија23 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија1 ден

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Досие